fbpx

Недовршениот договор помеѓу Владата и Макпетрол за „ГА-МА“ може да предизвика проблеми во гасификацијата

-

Иако Владата уште на 19 декември ја усвои Одлуката за одобрување на средства од буџетот за 2019 година за купување на делот на „ГА-МА“ АД Скопје, законската обврска за раздвојување на дејностите, и превземањето на акциите уште не е реализирана бидејќи сè уште не е финализиран договорот помеѓу Владата и „Макпетрол“, кој треба да го продаде својот дел.

„Во ваква ситуација со техничка влада, кога се пролонгираа изборите, и нема наскоро да имаме функционално Собрание, решавањето на овој круцијален проблем е длабоко искомплицирано и ни создава огромни главоболки од сите страни. Последиците од нерешавањето на овој проблем може да бидат флагрантни и да се доведе во прашање функционалноста на целиот проект на гасификација во нашата држава. Сигурно ќе имаме и големи замерки од страна на енергетската заедница, но не само замерки, дури и казни,“ вели за „Мета.мк“ директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи.

„Макпетрол“ и државата водат спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот, повеќе од 12 години.

Во ноември 2019 година, „Макпетрол“ АД Скопје и македонската Влада побараа медијација во Центарот за решавање на спорови на Енергетската заедница заради конечно, законито и правично регулирање на своите сопственички односи во „ГА-МА“ АД Скопје, во согласност со Законот за енергетика и со Третиот енергетски пакет, кој е инкорпориран во Законот.

Во декември Владата, во рамките на продолжението на работата на 171 редовна седница, ја усвои Одлуката за одобрување на средства од буџетот за 2019 година за купување на делот на „ГА-МА“ АД Скопје во износ од 32 милиони евра.

„Мета.мк“ упати прашања до Владата и до „Макпетрол“ зошто овој договор сè уште не е реализиран, но и од двете страни не добивме одговор.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...