fbpx

Филипче: Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои не помага никому

-

Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои не помага никому. Оние кои се одговорни и кои доследно се придржуваат на мерките треба да се пример за сите останати. Рестрикциите се непожелни и ќе ги избегнеме само ако се однесуваме дисциплинирано, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче откако соопшти дека се регистрирани 67 новозаболени од Ковид-19, како и еден починат во последното 24 часа.

„Секаде во светот се имплементираат истите мерки за заштита на населението и намалување на ризикот“, додаде министерот.

Во однос на можноста да се стават под карантин одредени општини од Скопје, Филипче рече дека се надева дека сепак постои можност тоа да се избегне.

„Здравствените власти ќе ги анализираат бројките на новозаразени во следните денови, од каде тие потекнуваат, па врз основа на тоа, во четврток ќе се донесе одлука дали и кои општини би биле затворени“, рече Филипче, додавајќи дека точно се знаат семејствата во рамки на кои сега се прават анкети во скопските општини, како и во регионот на Куманово.

За тоа на кој начин ќе се воведат рестриктивни мерки, тој посочи дека во голем град како Скопје е посложено воведувањето карантин отколку што беше случајот во Дебар. „Засега нема таква одлука, а јас верувам дека сепак има можност да се избегне“, рече министерот.

Тој соопшти дека во општина Чаир огромен број од вкупните контакти на заболените се во рамки на 10 семејства, со кои во тек се интервјуа, се ставаат луѓе во изолација и се тестира согласно ризикот.

„Од вкупно 868 направени тестирања, имаме 67 позитивни пациенти во последното деноноќие, еден починат пациент и 25 оздравени пациенти. До утрово, на Клиниката за инфективни болести примени се шестмина пациенти, со што вкупниот број на хоспитализирани е 40. Таму нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 16. Во „8 Септември“ се хоспитализирани 27 лица, од кои на респираторна машина се шестмина. Во Битола има седум хоспитализирани пациенти, а во Штип 14“ – информира Филипче.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...