fbpx

Транспортот со негативни резултати во првиот квартал, короната ги поштеди само товарните возови

-

Уште при првиот удар на пандемијата на корона вирусот и ограниченото движење на населението, македонскиот транспорт забележа пад кај бројот на превезени патници и стоки. Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2020 година регистрирал 1.215.000 превезени патници во патниот патнички превоз, 93.000 патници во железничкиот сообраќај, 429.869 патници во воздухопловниот превоз и 18.330.000 патници во градско-приградскиот превоз.

Споредено со истиот период лани, најостар пад од 28,5 отсто е забележан кај бројот на превезени патници со возовите. Намалување од 20,8 отсто има кај меѓуградскиот превоз со автобуси, додека во градско-приградскиот превоз падот изнесувал 16,7 отсто. Статистиката вели дека во периодот јануари-март 2020 година имало за 10,5 отсто помалку патници на македонските аеродроми.

Идентично како и кај патничкиот транспорт, превозот на стоки бележи намалување. Количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 7,6 отсто, додека во воздухопловниот превоз е забележан пад од 6,4 отсто. Единствени позитивни бројки доаѓаат за товарниот железнички сообраќај, каде во првиот квартал годинава се регистрирани 441.000 тони превезена стока, или за 0,7 отсто повеќе во споредба со идентичниот период лани.

Намалувањето на бројот на превезени патници и стока во земјава се очекува да доживее уште поостар пад во второто тримесечје од годинава, во услови на целосен прекин на редовниот воздухопловен превоз, намалување на интензитетот на автобускиот меѓуопштински превоз за 95 отсто и редуцирање на возниот ред на железницата. Опаѓање се очекува и кај товарниот транспорт, поаѓајќи од фактот што прекуграничната размена на стоки се одвива во отежнати услови, а индустриското производство во многу од земјите се намалува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...