fbpx
Таг: АРМ

таг: АРМ

Пендаровски: Издадов наредба армијата да интервенира во гаснењето на пожарите

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го информирал претседателот Стево Пендаровски за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, соопштија од кабинетот на шефот на државата. „Претседателот Пендаровски, како Врховен командант, во 16:30 часот издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска...

По 19 години, заврши учеството на АРМ во мировната мисија во Авганистан

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две децении долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка’ во Авганистан. По повод завршувањето на учеството на Армијата во Авганистан, денеска во касарната „Илинден“ се одржа свечена церемонија на која...

Технолошко-металуршкиот факултет со НАТО средства ќе создаде униформа што препознава нервен гас

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и професорот на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ Игор Јорданов денеска информираа за одлична вест за нашата одбрана, економија и наука. Имено, НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ одлучи да го поддржи проектот за развивање на нова повеќефункционална високотехнолошка војничка униформа со специјални својства за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. Како резултат на...

Оздраве полковникот на АРМ кој од Африка беше префрлен на лекување од ковид-19 во Скопје

Потполковникот на Армијата на Северна Македонија кој од Централноафриканската Република беше префрлен во Скопје и се лекуваше на Инфективната клиника е сосема излекуван и од денеска е дома. По 22 дена поминати на лекување на Инфективната клиника, припадникот на АРМ кај кого беше детектиран нигериски сој на ковид-19, е оздравен. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил напиша...

Заев-Шекеринска: Моќта на НАТО е во неговото заедништво, членството не е само формалност

„Со членството во НАТО не сме повеќе сами. Северна Македонија никогаш повеќе нема да биде ниту ставена под прашалник, ниту изолирана од светот“, истакна премиерот Зоран Заев на Криволак, каде во присуство на највисокиот политичко – воен врв на Северна Македонија и високи гости од САД и сојузниците, беше реализиран Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“. Тој додаде дека токму со членството во Алијансата,...

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 100 професионални војници

Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на 100 нови професионални војници во Армијата на РСМ, информираат од ова министерство. Рокот за пријавување на заинтересираните лица е 15 дена, а критериумите за пријавување на кандидатите се: да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат завршено средно образование, да не се постари од 25 години од денот на...

Прв пат на Криволак „волци“ и „зелени беретки“ вежбаа со воздушна артилерија (видео+галерија)

Македонски и американски армиски командоси на Криволак вчера ја завршија вежбата „Тројанска стапка 21“ („Trojan Footprint 21“), на која на полигонот прв пат учествуваше и авион за блиска воздушна поддршка АЦ-130Ј на американското воено воздухопловство. На Криволак „волци“ од Баталјонот на специјални сили на АРМ и „зелени беретки“ од 1.баталјон, 10 група на специјални сили на Армијата на САД извежбуваа...

На Криволак во понеделник почнува вежбата „Одлучен удар 21“ – НАТО вежба одговор на агресија

Околу 1.100 македонски војници, 300 американски и тимови од армиите на Бугарија и Грција ќе учествуваат во воената вежба „Одлучен удар 21“, што од понеделник до 2 јуни ќе се одржи на Армискиот полигон „Криволак“. Вежбата е дел од комплексот вежби „Европски бранител 21“ („Defender Europe 21“) на НАТО и Армијата на САД, што се спроведува на 30 полигони...

Потполковникот на АРМ рано утрово од Централноафриканската Република префрлен во Скопје

Рано утрово потполковникот на Армијата на РСМ заболен од ковид-19 од Централноафриканската Република е префрлен во Скопје и е сместен на Инфективната клиника. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска напиша на Фејсбук дека директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стевановиќ потврдила дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен. „Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника...

Четири хеликоптери од руско производство на АРМ и МВР ќе се модернизираат во Чешка

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска е во официјална посета на Скопје, како прв министер за одбрана од земја-членка на НАТО што претстојува во македонскиот главен град по нашето зачленување во Алијансата. Заедно со министерот за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој го потпиша Меморандумот за разбирање и техничка соработка меѓу...

Изгаснат шумскиот пожар кој вчера изби во Галичник

Месната заедница на Галичник изутринава на социјалните мрежи соопшти дека противпожарните екипи со помош на припадниците на Армијата, успеале во текот на вечерните часови да ги изгаснат сите жаришта од пожарот во Галичник. „Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот. Војниците овде ја поминаа...

Поради силниот ветер хеликоптерот на АРМ не може да го гасне пожарот кај Галичник

Хеликоптерот на АРМ кој на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше испратен да го гасне шумскиот пожар над Галичник стигнал на местото, но не може да дејствува поради силниот ветер, извести ЦУК. Сепак, хеликоптерот е опремен со ведро за гаснење пожари и екипажот е подготвен да полета штом се создадат услови, додека има дневна светлина. Шумскиот пожар заради...

Шумски пожар над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликоптер за заштита на селото

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над селото Галичник околу 13.30 часот, започнал координација со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја известил и АРМ, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштита на Галичник. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС),...

Промовирани 55 подофицери на АРМ, МО подготвува отпремнини за војниците постари од 45 години

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беа промовирани 55 подофицери, кои го завршија подофицерскиот курс на АРМ, и заедно со нивните 65 колеги кои беа произведени во подофицерски чинови во февруари годинава, го сочинуваат првото освежување на подофицерскиот кадар на АРМ во последниве 10 години, информираат од Министерството за одбрана. На свеченоста, министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека со...

Делегација на романските вооружени сили предводена од генерал Даниел Петреску во посета на земјава

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал-потполковник Даниел Петреску, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Северна Македонија, денеска престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, информираат од Генералштабот на македонската армија. Генералот Петреску имал прием кај својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, по што оствари средба...

Од 1 мај НАТО целосно се повлекува од Авганистан

Од 1 мај ќе почне целосното повлекување на НАТО силите од Авганистан, најавија доцна синоќа генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана на САД Лојд Остин по состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана на Организацијата на Северноатлантскиот договор. „Во светлото на одлуката на САД да се повлечат, министрите за...

Пред вежбата „Одлучен удар“ на Криволак подигнат КОВИД центар (галерија)

На воениот полигон Криволак е подигнат КОВИД центар, како превентивен капацитет за претстојната вежба „Одлучен удар“, која ќе се одржи во мај и јуни. Полигонот за вежбата го подготвуваат инженерци на АРМ и 15. инженериски баталјон на Армијата на САД, кои пристигнаа минатиот месец. „Припадниците на 15. инженериски баталјон на Армијата на САД се на Криволак. Подогнат е КОВИД 19...

Ден на Првата пешадиска бригада- лани спречиле 1.400 илегални минувања на границата

Првата пешадиска бригада на АРМ само лани спречила 1.400 обиди за илегално минување на границата и извршила 300 поправки на заштитната ограда во реонот на Гевгелија, како дел од поддршката на полицијата во обезбедувањето на јужната граница, каде што од 2015 година трае кризна состојба поради бранот мигранти, главно од Блискиот Исток. Ангажманот на бригадата беше нагласен на денешната...

Од понеделник со вакцините „АстраЗенека“ ќе се вакцинираат 4.000 полицајци, војници, пожарникари, новинари

Национална техничка група за имунизација против ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, информираат од Министерство за здравство. „Вкупно 4.000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24.000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години“, соопштија од ресорот...

Шекеринска: Пристигна првата композиција со инженерски машини за „градежната офанзива“ на Криволак (Галерија)

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејбук профил објави дека пристигнала првата композиција со инженериски машини на железничката станица во Криволак. „Нашите инженерци заедно со 15. инженериски баталјон на Армијата на САД ќе работат на подготовка на теренот на полигонот за големата вежба “Одлучен удар 21” која ќе започне на средината на мај. Македонската Армија и Армијата на САД...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...