fbpx
Таг: АРМ

таг: АРМ

Утре ќе се одржи петнаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји

Петнаесетта конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји, најава Армијата на Република Северна Македонија, е домаќин на петнаесеттата Конференција на началниците на Генералштабовите (НГШ) на армиите од балканските земји, која ќе се одржи утре, 16 јуни 2022 година во Охрид. Конференцијата ќе ја отвори началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, а свое обраќање...

Вистиномер: Не е точно дека министерката Петровска изјавила оти во македонската армија биле откриени руски шпиони

Министерката за одбрана Славјанка Петровска воопшто не дала ваква изјава, ниту, пак, навистина биле откриени руски шпиуни во редовите на македонската армија. Доколку се посети оригиналната страница од каде потекнува написот, се доаѓа до заклучокот дека станува збор за сатиричен напис, што е јасно обележано на крајот од текстот, каде се додава дека сите сличности со реалноста се случајни....

Синдикатот и Министерството за одбрана постигнаа договор, од мај стартува исплатата на додатоците

Договорот меѓу Синдикатот на одбраната и Министерството за одбрана за исплата на додатоците за прекувремена работа е финализиран. Исплатата на прекувремената работа која се однесува на сработеното во март ќе започне со априлската плата, која се исплаќа на почетокот на мај, пишува Порталб.мк. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Синдикатот имаат редовни и непосредни состаноци. Во рамките на овие средби,...

Вистиномер: Нема никакви подготовки за војна, туку се купува опрема согласно планот за модернизација на армијата

Армијата навистина ќе се поднови со возила и артилериски системи, но чиста дезинформација е дека Македонија се подготува за војна, па затоа и купува нова воена опрема. Во  врска со ова од Владата за „Вистиномер“ одговорија дека средствата за набавката на воена опрема се планирани во буџетот за одбраната за 2022 година,  кој е јавно достапен и е во...

Порталб: На повидок решение за проблемот со платите на војниците, министерката Петровска и синдикатот постигнаа договор

Министерката за одбрана Славјанка Петровска даде зелено светло за решавање на проблемот за плаќање на надоместоците и прекувремената работа, за што стотици војници ја тужеа АРМ, тврдејќи дека во минатото не биле платени. Од синдикатот велат дека се задоволни од договорот, но истакнуваат дека треба да се види како ќе се реализира на дело, известува Порталб.мк. „На средбата што се...

Петровска: Нема одлука и нема да има одлука за испраќање војници во Украина

Имаме одлука за испраќање на помош во опрема и вооружување за Украина согласно нивни побарувања, но земјава нема донесено одлука за испраќање војници, таква одлука нема ни да има, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на одбележувањето на денот на баталјонот на специјални сили на Армијата, додавајќи дека одлуките се носат во НАТО и тие се почитуваат...

Министерката Петровска ќе се сретне со синдикатите во однос на барањата на војниците

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во текот на неделава ќе го покани на средба најрепрезентативниот синдикат во одбраната, а потоа ќе се сретне и со претставници на останатите синдикати, пишува Порталб.мк. „Ставот на министерката е дека правата на вработените мора да бидат заштитени и испочитувани. Во тој правец, меѓу другото, министерката ќе понуди решение за исплата на додатоците и прекувремената...

На „Криволак“ денеска и утре здружена вежба со американски авиони Ф-18

Два воени авиона Ф-18 од носачот на авиони на морнарицата на САД „Хари Труман“ денеска и утре, во рамките на здружена вежба на НАТО ќе извршат вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Станува збор дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“, која се изведува во медитеранскиот регион во период од...

НАТО авионот за воздушно патролирање прелета над Скопје (Галерија)

Македонското небо од денес и официјално е дел од системот на НАТО алијансата за воздушно патролирање. Авионот АВАКС и борбените воздухоплови Ф-16 на НАТО денес прелетаа над главниот град со цел да демонстрираат како се изведува мисијата на Алијансата за воздушно патролирање над С. Македонија. АВАКСОТ слета на скопскиот аеродром, додека два авиона Ф-16 предвидено е да слетаат околу 15...

Набавени 7.000 борбени униформи за АРМ и 700 униформи за специјалците

Министерството за одбрана (МО) соопшти дека набавило 7.000 нови борбени униформи за припадниците на АРМ. Баталјонот за специјални операции добива нови 700 комплети на борбени униформи, специјално дизајнирани според нивните побарувања. Новите униформи вчера пристигнаа во касарната Ѓорче Петров во Скопје. Со ова целосно се завршува опремувањето на Армијата со нови борбени униформи, извести МО. „Пред само неколку години, еден од...

Стотици војници ја тужат државата, од МО се сомневаат дека мотивот е политички

Стотици вработени во Армијата на Северна Македонија, вклучително и професионални војници, ја тужат државата бидејќи, како што тврдат, не им се плаќа ноќниот труд. Притоа се повикуваат на Законот за работни односи. Од друга страна, Министерството за одбрана (МО) тврди дека надоместоците за ноќен труд се плаќаат по основ на Законот за одбрана, Служење во Армијата на РСМ и...

Армијата доби 23 нови офицери, од кои 10 девојки

Со денешната свеченост во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, свечена заклетва дадоа питомци од 25. класа, а во прв офицерски чин беа промовирани питомците од 21. класа на Академијата. Северна Македонија денеска доби 23 нови офицери, од кои 10 се девојки. Претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствуваа на свечената церемонија. Шефот на државата порача дека во Армијата...

Шекеринска ги награди припадниците на АРМ кои учествуваа во гасењето на пожарите летово

Припадниците на Армијата кои учествуваа во справувањето со пожарите кои летово ја зафатија Северна Македонија, денеска беа наградени со парични награди и стимулативни мерки, информираат од Министерството за одбрана. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на почетокот од своето обраќање во касарната Илинден, ги повика припадниците на Армијата со едноминутно молчење да оддадат почит на жртвите во несреќата во Бугарија. „Секој граѓанин...

Целосното воено интегрирање на земјава во НАТО ќе се оствари следната седмица

Со потпишувањето на Заедничката декларација за интеграција на Северна Македонија во НАТО, следната седмица ќе се реализира целосната воена интеграција на земјава во Северноатлантската алијанса, информира Министерството за одбрана. „Процесот на воена интеграција на Северна Македонија во НАТО започна по потпишувањето на Протоколот за пристапување на нашата земја во Алијансата. Процесот на воена интеграција го следеше, координираше и имплементираше работна...

Командата за операции го одбележа Денот на единицата

Припадниците на Командата за операции (КО), со денешната воена свеченост која се одржа во касарната „Боро Менков“ во Куманово, го одбележаа Денот на единицата, информираат од Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Пред присутните свое обраќање имаа началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини. Генералот Ѓурчиновски во...

ЦУК: Пожарот кај Делчево доби нови жаришта, гори и кај Велес, Берово и во село Буковиќ

Пожарот во делчевскиот регион од синоќа доби нов интензитет и се прошири на две нови жаришта, селата Разловци и Тработивиште. Денеска таму ќе дејствуваат силите на Армијата, МВР, вработени во јавното комунално претпријатие од Делчево, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму додаваат дека пожарот во село Будинарци е активен и се проширува кон општина Берово. - Таму...

Одбележана 20-годишнината од загинувањето на десетмината резервисти кај Карпалак

Владата ја одбележува 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година. Како што информираат оттаму, надворешниот соработник за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, со положување свежо цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, денеска им оддаде почит на загинатите бранители Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски,...

Околу 300 војници ангажирани во гасење на пожарите, пристигна и помошта од Словенија

Армијата на Република Северна Македонија и по прогласувањето на кризната состојба ќе продолжи да го ангажира својот човечки и материјален потенцијал во гаснењето на пожарите. Околу 300 војници веќе се вклучени во гасење на пожарите, од кои во моментов повеќе од 200 припадници се во реонот на Делчево и Пехчево, додека останатите се ангажирани во реоните на Валандово, Старо...

Се сумираат штетите од пожарите, нема потреба од прогласување кризна состојба

По опсежна расправа и по разгледување на актуелната состојба со пожарите, едногласно одлучивме дека нема потреба од прогласување кризна состојба, но ќе бидеме во постојано заседание и доколку работата тргне на полошо, набрзина ќе одржиме седница на која ќе побараме да биде прогласена кризна состојба на дел од територијата на државата, онаму каде што е зафатена со пожар, информираше...

Армијата дејствува со војници и хеликоптери за гаснење на пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гасење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане каде исфрлија повеќе од 50 тони вода, од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани, при што два хеликоптери непрекинато учествуваат во...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...