fbpx
Таг: АРМ

таг: АРМ

Буџетот за одбрана е за една третина повисок во однос на 2014 година [инфографик]

Македонскиот буџет за одбрана во 2020 година бил за 30 отсто повисок од оној во 2014 година, покажуваат споредбените податоци на НАТО. Скокот, всушност, се случил во 2019 година, кога буџетот за одбрана бил 130 милиони долари, за 29 милиони повеќе од претходната година. Во тој период, одбраната имала најнизок буџет во 2017 година, кога изнесувал околу 94 милиони долари...

Стејт Департментот одобри продажба на 54 „Страјкери“ на АРМ за 210 милиони долари

Американскиот Стејт Департмент денеска одобри продажба на 54 Лесни оклопни возила (ЛОВ) „Страјкер“ за АРМ, соопштија македонското Министерство за одбрана и американската Агенцијата за безбедносна соработка во одбраната-ДСЦА. Продажбата е дел од големата операција за модернизација на АРМ, во која централен дел се лесните оклопни возила „Страјкер“ и JLTV (Joint light tactical vehicle – здружено лесно тактичко возило, н.з.) Од...

АРМ му изрече дисциплинска мерка на полковникот Ковачки – 6 месеци за една третина помала плата

Полковникот на АРМ Драган Ковачки, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, добил дисциплинска мерка од една третина пониска плата во траење од шест месеци поради своите јавни партиски настапи и јавни закани и клевети против началникот на Генералштабот и против Врховниот командант, претседателот Пендаровски. Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ денес пратија одговор на прашање на „Мета“ за...

Советот за безбедност ја разгледа информацијата за стратешки набавки во Армијата

Совет за безбедност фото: кабинет на претседателот
Највисока стратегиска цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и геостратегиска положба. Toa го соопштија од Кабинетот на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски,...

„Криволак“ се поднови со 60 километри патишта, добива нови капацитети

Инженерците на АРМ реконструирале или пробиле 60 километри патишта на Армискиот полигон „Криволак“, кој во март интензивно се уредува во пресрет на меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“. Полигонот, што повеќе од една деценија се најавува како регионален полигон, добива и нови содржини, со кои се засилуваат неговите капацитети за одржување сложени воени вежби. Покрај обновата, надградбата и проширувањето...

Одбраната си ги реконструира објектите – реновирана зградата на Ренџерите

Зградата од 4.000 квадратни метри во која се сместени Ренџерите на АРМ е целосно реконструирана, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, која го посети ренџерскиот павилјон во скопската касарна Илинден. Со реконструкцијата, вредна 45,5 милиони денари, е поставена нова електрична и инсталација за греење, хидроизолација и целосна термичка изолација, обнова на санитарните јазли, нов под... - Откако го...

НАТО сними видео за „волците“ на АРМ на вежбата „Combined Resolve XV“ во Германија [видео+галерија]

Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор. НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на февруари до петок се одржува...

САД ѝ донираа на АРМ 1.269 пушки М4, следат набавки на пиштоли, снајперски пушки, хаубици…

АРМ доби 1.269 автоматски пушки М4 на подарок од САД, донација во вредност од 1,2 милион долари, како помош во опремувањето на Лесната пешадиска баталјонска борбена група, примарната единица наменета за НАТО операции. Денешното подновување е дел од серијата набавки на вооружување и опрема кои следат, меѓу кои и пиштоли, снајперски пушки со калибар 7,62 мм, пушкомитралези, хаубици, но...

Шекеринска потпишува нов меморандум за соработка во одбраната со САД, во јуни и договор за оклопни возила

Нов меморандум за соработка во одбраната со САД, втор по постојниот потпишан во 1994 година, потпишуваат денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања Мара Карлин. Документот ќе биде истовремено потпишан во Вашингтон и во Скопје, а на потпишувањето во Министерството за одбрана присуствува и амбасадорката на САД...

АРМ и САД во „градежна офанзива“ на Криволак, полигонот ќе се подготвува за пролетната вежба „Одлучен удар 21“

Амбициозен план за развој на Армискиот полигон „Криволак“ во соработка со САД најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, која со американската амбасадорка Кејт Брнз го посети полигонот. Македонски и американски инжинериски единици во март ќе почнат интензивно уредување на Криволак во пресрет на пролетната вежба „Одлучен удар 21“, на која ќе учествуваат повеќе од 1.200 македонски, околу...

Центарот за пилотска обука се вмрежува со 30 центри на НАТО во Европа

Центарот за обука на пилоти станува дел од НАТО мрежа од повеќе од 30 центри за летачка обука во Европа. Белгија е најновиот сојузник кој се приклучи на иницијативата НАТО летачка обука во Европа (НФТЕ), што во јуни лани ја покренаа единаесет сојузници – македонската министерка и нејзините колеги од Бугарија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Португалија, Романија,...

Медицинскиот тим на АРМ ќе замине во Авганистан со примени ковид-19 вакцини

Фото: МО
Шестчлениот македонски воен хируршки тим, кој во Норвешка се подготвува за мисија во Авганистан, во Кабул ќе замине вакциниран против ковид-19. Тимот, составен од тројца доктори и три медицински сестри, вчера ја добил првата доза од вкацината на АстраЗенека, како и нивните норвешки колеги со кои заедно ќе учествуваат во мисијата, а втората ќе ја добие пред да замине...

Ислужените професионални војници ќе ги пополнуваат и противпожарните единици

Професионалните војници кои наполниле 45 години и веќе не можат да служат во АРМ ќе можат да станат пожарникари, најави државниот секретар на Министерството за одбрана Драган Николиќ. Тој објасни дека од денеска 16 поранешни војници минале во територијалните противпожарни бригади во Скопје, Кичево и Валандово. - Од денеска отвораме нова можност, трансфер во противпожарната дејност во Републиката. Имено, 16...

Повозрасните војници ќе може да бираат – државна работа или отпремнина од 1.000 евра за секоја година служба

Отпремнина од по 1.000 евра за секоја година мината во АРМ ќе биде новата опција која им се нуди на професионалните војници кога ќе навршат 45 години старост и ќе го достигнат старосното ограничување за служење во армијата за нивната категорија. Владата го прифати овој предлог на Незавнисниот синдикат на одбраната, и ќе му го предложи на Собранието како...

АРМ во 2020 година стана НАТО армија

Годината која светот ќе ја памти по пандемијата на ковид-19, за одбраната беше успешна година, оценува Министерството за одбрана во својата новогодишна порака. Главната причина е што по речиси три децении, Република Северна Македонија на 27 март стана полноправна членка на Северноатлантската алијанса. - Со членството во Алијансата ја зацврстивме безбедноста дома, но и во регионот, каде станавме значен фактор...

Центарот за обука на пилоти стана дел од АРМ

Центарот за обука на пилоти, сместен на воениот дел на скопскиот аеродром, од денеска влегува во состав на АРМ. Центарот беше отворен во 2011 година по договор на Министерството за одбрана и израелската компанија „Елбит“, која до денеска управуваше со Центарот. „Со потпишување на финалниот записник за примопредавање од страна на одговорниот претставник на Армијата, директорот на Генералштабот, генерал-мајор Зоран...

Зголемен интересот за војничката професија, Армијата денеска прими 200 нови војници

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беше извршен свечен прием на 200 нови професионални војници. На приемот присуствуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска која им посака добредојде на војниците во редовите на Армијата, информираат од Министерството за одбрана. „Заокружуваме исклучително успешна година во одбраната, година на нашиот прием во НАТО по тридецениски стремеж, и затоа со гордост можам да ви...

На Криволак почнува уништувањето на 12.700 гранати од Првата светска војна

На Армискиот полигон Криволак АРМ денеска почнува да ги уништува артилериските гранати од Првата светска војна кои неодамна беа откриени при градежни работи во Битола. Гранатите, вкупно 12.700, ќе бидат уништувани во неколку етапи во текот на декември и јануари, а нивното уништување нема да предизвика штетни ефекти по животната средина, тврди Министерството за одбрана. Инаку, АРМ во 2002 и...

Ковид центрите во Клинички центар-Скопје ќе се зајакнат со воено медицински персонал

Медицински персонал од Воено медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники при Клиничкиот центар во Скопје, каде има неколку ковид оддели, информираат од Министерството за здравство. „Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата...

АРМ од Норвешка доби 13.500 брзи тестови за ковид, 10.000 му отстапи на јавното здравство

Министерството за одбрана денеска доби 13.500 брзи тестови за ковид-19, помош од Кралството Норвешка која ја побарало пред две недели, објасни министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Норвешка донација, од пред дванаесетина години, е и теренската болница што АРМ ја имаше поставено пред Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар во Скопје, а сојузничката земја на Македонија неколку пати и...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...