fbpx
Таг: АРМ

таг: АРМ

Јолевски: Ќе ја модернизираме армијата

Наша клучна задача во претстојниот период ќе ни биде опремување и модернизација на армијата. Продолжуваме со реформите и со контрибуциите во меѓународните мировни мисии, а тоа го правиме бидејќи со овие реформи обезбедуваме натамошно јакнење на Армијата, истакна министерот за одбрана на Македонија, Зоран Јолевски во обраќањето на свеченоста по повод Денот на АРМ – 18 Август. Јолевски рече дека процесот...

Во Прилеп одбележан Денот на АРМ

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, со почеток во 11 часот со воена свеченост единиците од гарнизонот Прилеп, го одбележаа 18 август, Денот на АРМ . По повод 23 години од формирањето на Армијата на Република Македонија во рамките на прославата се изврши полагање свежо цвеќе на споменикот на Мирче Ацев во кругот на касарната, а потоа следеше постројување на...

Војник од кариера и пасиониран иноватор: Кој е новиот началник на ГШ на АРМ?

Генерал-мајор Методија Величковски на функцијата началник на генералштаб на Армијата на Република Македонија (АРМ) доаѓа од местото командант за Здружената оперативна команда (ЗОК), на кое е назначен во март 2012 година. Здружената оперативна команда, според описот на мисијата и задачите, е делот од АРМ кој меѓу другото е задолжен за приближување на армијата до стандардите на НАТО. Во биографијата на Величковски, објавена...

Методија Величковски е нов началник на генералштабот на АРМ

Генерал-мајор Методија Величковски е нов началник на генералштабот на Армијата на Република Македонија. Тој на функцијата доаѓа на местото на досегашниот началник Горанчо Котески. Претседателот на државата и Врховен командант, Ѓорге Иванов, вчера попладне го потпишал указот за именување на нов началник на генералштабот, откако Котески предходно бил разрешен од функцијата. Инаку Горанчо Котески една година ја вршеше должноста началник...

Армијата ќе ѝ помага на полицијата околу транзитот на мигрантите

Македонската армија ќе ѝ помага на полицијата во обезбедувањето на граничните појаси и на коридорот 10 по кој транзитираат илегалните мигранти преку територијата на земјата, соопшти претседателот и врховен командант, Ѓорге Иванов, при денешната посета на граничната линија со Грција. Иванов истакна дека помошта на Армијата е неопходна и дека мора да ѝ се излезе во пресрет на полицијата во...

Генералот Хол се заблагодари за поддршката на АРМ за НАТО

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска се сретна со заменик-началникот на секцијата за планирање, политика и за партнерство на командата на САД за Европа, бригадниот генерал Вилијам Хол. На средбата, која е дел од посетата на заменик-помошникот за одбрана на САД, Евелин Фаркаш, на Република Македонија, генералите Котески и Хол разговарале за меѓуармиската соработка и за нејзино...

Двајца припадници на АРМ повредени во сообраќајка

Двајца припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска биле повредени во сообраќајна несреќа кога џипот „ланд ровер дефендер“, сопственост на АРМ, од неразјаснети причини се превртел на магистралниот пат Скопје - Гевгелија, кај манастирот „Свети Атанасиј“, соопшти Јавното обвинителство. Повредени во сообраќајната незгода биле возачот на џипот и совозачот, а другите три лица, кои патувале со нив, се пожалиле...

Повеќе од 1.000 граѓани се пријавиле на конкурсот за професионални војници

На конкурсот за прием на професионални војници во Амијата на Македонија се пријавиле повеќе од 1.000 граѓани, информираат од Министерството за одбрана. Во следните денови Министерството за одбрана ќе врши проверка на доставената документација, по што лицата за кои е утврдено дека ги исполнуваат условите во согласност со огласот за прием на професионални војници, по претходен план ќе бидат повикувани на...

Претседателот Иванов ја посети касарната „Илинден“

Претседателот на држвата и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и од началникот на Генералштабот, генерал-полковник Горанчо Котевски, денеска традиционално, на првиот ден од Новата година, ги посети припадниците на АРМ, пренесува „24 Вести“. Иванов беше во посета на батаљонот за специјални намени во скопската касарна „Илинден“, каде на припадниците на АРМ...

Погребани жртвите од вчерашното тројно убиство во Злетово

Жртвите на вчерашното тројно убиство во Злетово, брачниот пар Илија М. (65) и Јана М. 63) и 51-годишниот Методија Д., денеска беа погребани на гробиштата во Злетово, јавува дописникот на „Мета“ од Штип. Погребано беше и телото и на 40-годишниот професионален војник Д.М., кој го изврши трикратното убиство. Во Пробиштип денеска е прогласен ден на жалост. Злетовци се сè уште...

Заклетва дадоа 226 војници за доброволно служење во АРМ

Оваа 24та генерација војници на доброволно служење во АРМ
Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, 226 војници дадоа свечена заклетва, а меѓу нив и 14 девојки. Оваа 24. генерација војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија ќе има интензивна тримесечна обука. На свеченоста беше присутен и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој посочи дека вработените во Министерството и припадниците на Армијата ќе сторат сè за да придонесат за развојот...

Котески: АРМ ќе учествува во новата мировна мисија на НАТО во Авганистан

Армијата на Република Македонија (АРМ) својата соработка и лојалноста кон НАТО ја искажува, меѓу другото, и со извршувањето на мировните операции кои се предводени од алијансата, изјави денеска началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески, по средбата со претседавачот на Воениот комитет (ВК) на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, пренесува „Утрински весник“. - Во однос на понатамошната поддршка на нивните операции,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...