fbpx

Погребани жртвите од вчерашното тројно убиство во Злетово

-

Жртвите на вчерашното тројно убиство во Злетово, брачниот пар Илија М. (65) и Јана М. 63) и 51-годишниот Методија Д., денеска беа погребани на гробиштата во Злетово, јавува дописникот на „Мета“ од Штип. Погребано беше и телото и на 40-годишниот професионален војник Д.М., кој го изврши трикратното убиство.

Во Пробиштип денеска е прогласен ден на жалост. Злетовци се сè уште во шок по трикратното убиство и најчестите коментари што можат да се слушнат меѓу жителите на селото се однесуваат на ажурноста на институциите и на нивната реакција по пријавите за семејно насилство против Д.М.

Полицијата вчера потврди дека против него била поднесена пријава од  неговата сопруга за семејно насилство, по што судот закажал расправа. Но, во јуни годинава, сопругата, со која Д.М. водел бракоразводна парница, ја повлекла пријавата.

Според портпаролот на штипскиот суд, Стојан Михов, за 1 декември во Основниот суд во Штип, било закажано ново рочиште во судскиот процес против професионалниот војник за претепувањето на 21- годишното момче од Злетово, за кое се сомневал дека е во врска со неговата сопруга, а што се случи лани во август.

Нему му се судело за кривичното дело тешка телесна повреда и на следното рочиште требало да се разгледува извештајот за степенот на нанесената повреда. Судот за случајот повел постапка во септември минатата година.
– Во штипскиот Основен суд нема никаква пресуда против Д.М. – вели судијата Стојан Михов.

АРМ најави дека ќе формира заедничка комисија на Министерството за одбрана и на АРМ, која ќе предложи мерки и препораки за подобрување и за унапредување на процедурите за да се спречат настаните како вчерашниот во Злетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...