Претседателот на држвата и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и од началникот на Генералштабот, генерал-полковник Горанчо Котевски, денеска традиционално, на првиот ден од Новата година, ги посети припадниците на АРМ, пренесува „24 Вести“.

Иванов беше во посета на батаљонот за специјални намени во скопската касарна „Илинден“, каде на припадниците на АРМ од негово лично и од името на сите граѓани им ја честиташе Новата година и им искажа благодарност за нивната работа и сè она што го прават за одбрана и за мирот во земјата.

Честитки по повод Новата година тој упати и до сите војници на АРМ кои се во мировни мисии во странство.

– Желбата на сите војници и старешини е конечно оваа година Република Македонија да го добие тоа што го заслужи и што ѝ припаѓа, да биде членка на НАТО – изјави претседателот Иванов.

Пред претседателот Иванов рапортираа и надлежните од водот задолжен за неговото обезбедување, а потоа vрховниот командант на вооружените сили го откри и камен-обележјето на армиските „волци“, каде што во иднина секој од нив ќе дава заклетва.