fbpx

Во Прилеп одбележан Денот на АРМ

-

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, со почеток во 11 часот со воена свеченост единиците од гарнизонот Прилеп, го одбележаа 18 август, Денот на АРМ .

По повод 23 години од формирањето на Армијата на Република Македонија во рамките на прославата се изврши полагање свежо цвеќе на споменикот на Мирче Ацев во кругот на касарната, а потоа следеше постројување на припадниците на единиците од гарнизон Прилеп, интонирање на државната химна на Република Македонија и химната на АРМ, оддавање на почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починатите припадници на АРМ. Празникот го честиташе командантот на гарнизон Прилеп, полковникот Жарко Ристески, кој имаше пригоден говор, а потоа беа соопштени наредби за унапредување на старешини, врачување на одликувања, награди и пофалби.

По завршување на официјалниот следеше Тактичко Технички збор на вооружување и воена опрема со кои располага единицата како и коктел за присутните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...