fbpx
Таг: АРМ

таг: АРМ

Гори шума во близина на воените магацини на полигонот Пенуш

Стотина војници на Армијата на Република Македонија (АРМ) и пожарникари од штипската противпожарна единица се обидуваат да го изгаснат пожарот, што денеска околу пладне зафатил околу 50 хектари нискостеблеста шума во близина на воениот полигон Пенуш. Пожарот е меѓу селата Софилари и Драгоево, а непристапниот терен и силниот ветер го отежнуваат гаснењето на огнот. Дополнителен проблем е што пожарот се доближува...

Јолевски: Безбедносната состојба е стабилна

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, при денешната посета на Штип, оцени дека безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво, но дека АРМ внимателно ја следи ситуацијата. - Безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво и е стабилна. Ние, како Армија, и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме - изјави Јолевски. Jолевски, кој денеска...

Офицерите и подофицерите на АРМ со нови униформи

Со церемонија во Домот на АРМ во Скопје, денеска Министерството за одбрана ги промовираше новите службени униформи за офицерите и за подофицерите на АРМ, кои од денеска ќе бидат во употреба. Униформите ги претстави министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој посочи дека службените униформи се македонски производ – производството на ткаенината и шиењето е извршено во Македонија. Набавката е реализирана...

Нова средба од редовните консултации на Македонија со НАТО

Нова средба од редовните билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО се одржува од претпладнево во Клубот на пратениците во Скопје. На консултациите, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе се разговара за напредокот на одбранбените подготовки на Македонија за интеграција во Алијансата.

Морнаричките „фоки“ на САД ги обучуваат специјалците на АРМ и на МВР

Денеска во базата на Единиците за брзо распоредување на МВР во касарната „Ѓорче Петров“ се одржа завршната вежба од обуката на припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Република Македонија, што до 31 јануари до денеска ја спроведуваа тимови на специјалната едница на САД - „Фоки“. На вежбата присуствуваа министрите за внатрешни работи и...

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ во Еребино

Традиционално, на првиот ден од Новата година, претседателот Ѓорге Иванов ги посети припадниците на АРМ. Денеска беше во армискиот објект во Еребино во Тетовско, каде што на војниците им ја честита Новата година. На новинарско прашање во врска со составот на новата влада, рече дека очекува сите институции и политичките партии да го почитуваат рокот за формирање на новата владина...

Началникот на Генералштабот на АРМ утре на конференција во Сплит

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, утре ќе присуствува на 20. конференција на началниците на генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), кој ќе се оддржи во Сплит, Република Хрватска, соопштуваат од Генералштабот на АРМ. Главна тема на конференцијата од земјите членки на А5 ќе биде подобрување на интероперабилноста и заеднички приод кон партнерските цели...

АРМ за една година спречила 20.000 обиди за нелегален премин на јужната граница

Единаесет мигранти, од кои шест биле деца, биле спречени од припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) во обидот нелегално да ја преминат јужната македонска граница во близина на браната Паљурци, соопштуваат од АРМ. Настанот се случил рано утринава, а акцијата била спроведена од баталјонот на воената полиција на АРМ. Мигрантите биле превезувани со возила управувани од македонски државјани. По акцијата...

Комитетот за кризи ќе ја проценува состојбата на инфраструктурната мрежа

Управувачкиот комитет за справување со кризи попладнево од 16.30 часот одржува нов состанок во врска со серијата земјотреси што изминативе два дена ги тресат Скопје и околината, потврдија за „Мета“ од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Состанокот, како што дознаваме, е свикан на барање на претседателот на Управувачкиот комитет, вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров. Од ЦУК велат дека денеска...

МО: СДСМ нема елементарни познавања за набавката на опрема и за модернизацијата на АРМ

Модернизацијата на Армијата на Република Македонија е сериозен процес, на кој Министерството за одбрана, Генералштабот и Армијата пристапуваат професионално, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана на денешното соопштение на СДСМ, во кое опозициската партија бара министерството да го поништи тендерот за набавка на опрема вредна 250 милиони евра. „Министерот Јолевски повеќепати, вклучително и вчера, на неколку национални телевизии...

СДСМ бара Министерството за одбрана да го поништи тендерот за набавка на опрема

Министерството за одбрана треба веднаш да го поништи сомнителниот тендер за набавка на опрема, тежок 250 милиони евра, побара СДСМ преку соопштение. Од опозицијата велат дека ваква набавка мора да се спроведе многу посериозно. „Нашиот професионален војник и офицер има потреба од најосновна опрема и од услови за тековно функционирање, чевли, ќебиња, чизми, униформа, основен алат за работа. Оклопните возила се дамнешна потреба на АРМ, но...

Одбележани 15 години од масакрот кај Карпалак

Денеска кај местото Карпалак се одбележа петнаесетгодишнината од крвавиот масакр, кога во 2001 година, животот го загубија десет припадници на Армијата на Република Македонија. Чествувањето започна со помен парастос, а на местото на трагедијата букети цвеќиња положија повеќе делегации, преставници на политички партии и здруженија на граѓани. Присутен беше и Министерот за одбрана Зоран Јолевски, но одби да даде изјава...

Груевски од Турција се врати како врховен командант, премиер и претседател на држава

Прeтседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го прекина одморот во Турција, како што известија медиумите, „со цел да помогне во справување со тешките последици од невремето“ и да „изврши увид на терен“. Во катастрофа и трагедија од такви размери, секоја помош е непроценлива и добредојдена, но со запазување на основите на уредувањето на државата, а она што вчера можеше...

Пустош во Ченто по невремето: Скокале од балкони за да се спасат од поплавите

Возило на Итната медицинска помош само што изнесе средовечна жена од нејзиниот дом во населбата Ченто, која, како што раскажуваат членови на нејзиното семејството, во обид да ја избегне поплавата во куќата, од синоќешното невреме, морала да скокне од балконот на првиот кат. Соседите велат дека состојбата на улицата Алија Авдовиќ била најстрашна. Поплавени се сите дворови и подруми, а...

Началникот на ГШ на АРМ во посета на македонските мировници во Кабул

Воена делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Методија Величковски, ќе оствари дводневна официјална посета на македонските мировници и на командата на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан. Генералот Величковски во текот на утрешниот ден ќе оствари официјална средба со командантот на мисијата „Одлучна поддршка“, генерал Џон Николсон, како и средби со одговорните старешини во командата...

Нови 125 професионални војници примени во АРМ

Нови 125 професионални војници денеска беа примени во Армијата на Република Македонија (АРМ), откако ги поминаа тестовите за селекција. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на свеченоста во касарната „Илинден“ истакна дека униформата на АРМ претставува гордост и престиж, а на новите војници им порача дека им претстои период исполнет со предизвици и со многу работа. - Упорно и посветено градиме армија...

Власта на Груевски го урна достоинството на професионалните војници, обвини СДСМ

Власта на Никола Груевски ја колабира одбраната на Република Македонија и го урна достоинството на професионалните војници и старешини, обвини денеска на прес-конференција членот на извршниот одбор и претседател на комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски. Тој истакна дека со новниот ребаланс на буџетот, власта на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги скратила парите предвидени за одбраната. „Од 2006 година до денеска власта на...

Заев: Може да сонуваат за избори во 2018 година

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека спомнувањето на Армијата од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов е „сериозно и забегано“ и му порача „ни на крај памет да не му паѓа да го прави тоа“. - За вчерашниот срамен чин на Ѓорге Иванов тешко е да се дава каков било коментар. Пресериозни работи беа соопштени од...

АРМ ќе учествува во „Анаконда 2016“, воената вежба на НАТО

Припадници на неколку единици на Армијата на Република Македонија заедно со припадници на армиите од уште 23 земји од НАТО и Партнерството за мир (ПЗМ), од денеска и официјално ги почнуваат активностити на меѓународната вежба „Анаконда-16“, која ќе трае до 17 јуни и ќе се изведува на неколку локации во Република Полска. Армијата на Република Македонија учествува со 157 свои припадници...

Припадници на АРМ и на МО на протест пред Владата побараа повисоки плати

Припадници на Армијата на Република Македонија(АРМ) и на Министерството за одбрана денеска излегоа на протест пред Владата, на кој побараа изедначување на нивните плати со оние на полицајците и на цариниците и поголемо вреднување на нивниот труд. На протестот, како што пренесува „Телма“, дошле и војници кои се вратиле од јужната граница. Тие велат дека дневницата за теренската работа им...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...