fbpx
Таг: АРМ

таг: АРМ

В сабота протест на Синдикатот на одбраната

В сабота, Синдикатот на одбраната и безбедноста ќе протестира поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата. Протестот ќе се одржи пред Министерството за одбрана и пред Владата, а ако не се исполнат нивните барања, ќе штрајкуваат во институциите што ги опфаќа Синдикатот на одбрана и...

На границата е мирно, еден од повредените полицајци задржан на клиника

Еден од полицајците што вчера беа потешко повредени во инцидентот на јужната граница, е задржан на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, додека четворица се пуштени на домашно лекување. Вчера при интервенцијата на македонските безбедносни сили кон толпата од неколку илјади мигранти, кои се обидоа нелегално да влезат на македонска територија од Грција, беа повредени вкупно 14...

Мигрантите вратени во Грција, новинарите ослободени на Богородица со парична казна

Мигрантите што вчера успеаја да најдат „пукнатина“ на македонско-грчката граница и навлегоа на македонска територија кај гевгелиското село Моин, се вратени назад во Грција, соопштија денеска за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за 1.500 лица, кои вчера беа задржани од македонските безбедносни сили. Друга група од околу 600 до 700 лица биле затекнати на граничната линија во обид...

Министерот за одбрана Јолевски ќе ги посети војниците на границата со Грција

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија стационирани на јужната граница. На котата 59 со Грција, се очекува Јолевски да разговара со војниците на АРМ кои ја обезбедуваат границата поради мигрантската криза.  

Јолевски: За десетпати зголемен бројот на мигранти што доаѓаат во Македонија

Армијата на Република Македонија е подготвена за прифаќање на зголемен број странски државјани, меѓутоа во моментов нема потреба од зголемување на бројот на војници на македонската јужна граница. Ова го истакна министерот за одбрана , Зоран Јолевски, синоќа на отворањето на напредната школа на НАТО, „Справување со заканата од тероризмот во Југоисточна Европа“, во Охрид и појасни дека во јануари...

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ на јужната граница

Претседателот на Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ), распоредени на јужната граница. Претседателот Иванов, на припадниците на АРМ што ги извршуваат задачите, им ја честиташе Новата 2016 година, при што е предвидено со нив да има и заеднички ручек.

Иванов утре ќе ги посети припадниците на АРМ на јужната граница

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, утре (1 јануари) во 11 часот ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ), распоредени на јужната граница, соопшти Генерал-штабот на АРМ. Иванов, како што информираат оттаму, ќе биде придружуван од Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и од началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. „Во...

Жичената ограда за јужната граница Македонија ја набавила од Унгарија

Жичената ограда со која се оградени и дополнително се оградуваат делови од македонско-грчката граница, поради мигрантската криза, Македонија ја набавила од Унгарија, објави хрватската државна телевизија ХРТ. Унгарците беа првите кои подигнаа жичена ограда на својата граница за да го спречат протекот на мигранти на нивна територија, а сега, како што јавува ХРТ, бодливата жица им е еден од најголемите...

АРМ почнала со поставување жичена ограда и кај Меџитлија

Армијата на Република Македонија (АРМ) потврди дека вчера почнало подигнувањето на жичена ограда на македонско-грчката граница кај граничниот премин Меџитлија, во близината на Битола. Одлуката за подигнување на оградата била донесена од Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза. „Во текот на вчерашниот ден, врз основа на донесените заклучоци од Управувачкиот комитет, АРМ доби задача да ги спроведе потребните тактичко-технички мерки...

МВР: Повредени 18 полицајци во судирите со мигрантите на границата со Грција

Во денешниот судир меѓу мигрантите и припадниците на безбедносните сили на границата со Грција, повредени биле 18 полициски службеници, од кои двајца имале потешки повреди на главата, а биле демолирани и неколку полициски и армиски возила, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил околу 13.30 часот на граничната линија кај кота 59, каде припадниците на Армијата на Република...

Мигранти ги каменувале полицијата и војската поради оградата на границата со Грција

Револтирани од поставувањето на жичаната ограда на границата со Грција, група мигранти на кои не им се дозволува влез во земјава почнале да фрлаат камења кон припадниците на армијата кои работеле на поставувањето на бетонските столбови и оградата, во должина од три километри, јави телевизијата „Телма“. Според „Телма“, веднаш реагирала полицијата, по што дошло до судир со групата од околу...

АРМ почна со поставувањето ограда кај котата 59 на границата со Грција

Армијата на Република Македонија (АРМ) утрово почнала со поставување жичена ограда од левата и од десната страна на кота 59 на македонско-грчката граница, потврди за „Мета“ портпаролот на АРМ, потполковник Тони Јаневски. Одлуката за поставување на оградата, според информациите, била донесена утрово од владиното координативно тело за справување со мигрантската криза, а врз основа на заклучоците што беа донесени на...

Командантот на Косовските безбедносни сили утре во посета на Македонија

Утре, во официјална посета на АРМ, ќе престојува командантот на Косовските безбедносни сили (КБС), генерал-потполковник Рахман Рама. Делегацијата на КБС во Генерал-штабот на АРМ ќе биде пречекана со воени почести, од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Рама ќе се сретне и со заменикот на министерот за одбрана, Иљми Селами. Главни...

Нови 125 професионални војници вработени во АРМ

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска се одржа свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници на служба во Армијата на Македонија. Во обраќањето пред новите војници, Јолевски рече тие поминале ригорозен процес на селекција и докажале дека се најдобри меѓу најдобрите. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Професионален војник се самозастрелал во Прилеп

Вчера, додека бил на стража во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, професионален војник на АРМ добил прострелна рана од автоматска пушка која ја имал до себе. АРМ извести дека од засега неутврдени причини, кај професионалниот војник, стар 27 години, оловното зрно завршило во стомакот, а неговите колеги кои биле на должност, веднаш му пружиле прва помош и за кратко време...

АРМ: На границата остануваме се додека е потребно

Припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) кои беа распоредени на јужната граница, два дена откако Владата прогласи вонредна состојба поради големиот наплив на мигранти, и натаму остануваат на границата како асистенција на полицијата, велат за „Мета“ од Генералштабот на АРМ. Од ГШ додаваат дека нивниот ангажман ќе трае „се додека има потреба“. - Сили на АРМ сè уште се распоредени во...

Припадници на АРМ се распоредија на јужната граница

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) попладнево се распоредија долж граничниот појас кај Гевгелија, каде има голем наплив на бегалци и мигранти кои сакаат да влезат во земјава, јавува „Телма“. Според информациите, на граничниот појас ќе патролираат мешани екипи на Армијата и на полицијата кои ќе бидат присутни на терен 24 часа. „Во моментот Армијата на Репбулика Македонија...

МВР за состојбата на границата: Се чека доаѓањето на припадниците на АРМ

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) во текот на денот се очекува да им се приклучат на полициските екипи кои ја обезбедуваат јужната граница откако Владата завчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба поради големиот наплив на мигранти. Како што соопштуваат од МВР, во земјава се дозволува влез на на лимитиран број илегални мигранти од поранливите категории кои...

Што значи кризна состојба, колку може да трае и што потоа?

Состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Вака, според Законот за управување со кризи е дефинирана кризната состојба, која владата вчера донела одлука да се воведе на јужната и северната...

Владата прогласи кризна состојба на северната и јужната граница

Владата на вчерашната седница поради зголемениот прилив на мигранти во државата донела одлука за прогласување на кризна состојба на јужната и северната граница. Ова денеска на прес-конференција го соопшти помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, додавајќи дека согласно законските прописи за обезбедување на јужната граница ќе биде ангажирана и Армијата на РМ. Како што соопшти...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...