Мигрантите вратени во Грција, новинарите ослободени на Богородица со парична казна

-

Мигрантите што вчера успеаја да најдат „пукнатина“ на македонско-грчката граница и навлегоа на македонска територија кај гевгелиското село Моин, се вратени назад во Грција, соопштија денеска за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за 1.500 лица, кои вчера беа задржани од македонските безбедносни сили.

Друга група од околу 600 до 700 лица биле затекнати на граничната линија во обид да навлезат на македонска теритрија, но биле спречени од полицијата и од АРМ.

Пуштени се и новинарите и фоторепортерите што вчера попладне беа приведени откако нелегално ја поминале границата заедно со бегалците.

– Новинарите се пуштени откако им беа издадени платни налози за сторен прекршок, во износ од 250 евра – велат од МВР.

Казната за нелегалното преминување на границата, како што додаваат оттаму, изнесувала околу 500 евра, но бидејќи била платена веднаш, односно во рок помал од осум дена, таа изнесувала половина од вкупната сума.

Засилените мерки за безбедност и понатаму остануваат на сила на јужната граница, по вчерашниот инцидент кај селото Моин, а АРМ, МВР и специјалните полициски сили се на готовс, во случај на нови обиди за илегални премини на границата.

Доцна ноќеска во премиерскиот кабинет во Атина се одржала итна владина седница за бегалската криза, а денеска во Идомени ќе пристигнат европскиот комесар за миграција, Димитрис Аврамопулос, и првиот човек на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Според нашите информации, на итната владина седница се разговарало како да се одговори на потенцијалното македонско барање за реадмисија на бегалците во Грција, но и за можни дипломатски чекори, како и за грчките новинари што беа привдени во Македонија. Неофицијално, грчката влада ќе бара да се притисне Вишеградската група држави да се откажат од идејата за затворање на балканската рута.

Грчката влада ќе го истражува и случајот со делењето летоци во кампот на кои на арапски јазик се повикуваат илјадници бегалци заедно да се соберат и да тргнат од Идомени кон Македонија, што се смета дека го иницираше илегалното преминување на границата кај Моин. На летокот е нацртана точна мапа за рутата по која треба да се движат луѓето од Идомени кон незаштитен дел на границата за да може слободно да преминат и посочено е точно време кога и каде да се најдат.

 

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...