fbpx

Иванов утре ќе ги посети припадниците на АРМ на јужната граница

-

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, утре (1 јануари) во 11 часот ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ), распоредени на јужната граница, соопшти Генерал-штабот на АРМ.

Иванов, како што информираат оттаму, ќе биде придружуван од Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и од началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

„Во текот на посетата, претседателот Иванов на припадниците на АРМ што ги извршуваат задачите за време на претстојните празници, ќе им ја честита Новата 2016 година, при што е предвидено со нив да има и заеднички ручек“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...