fbpx

На границата е мирно, еден од повредените полицајци задржан на клиника

-

Еден од полицајците што вчера беа потешко повредени во инцидентот на јужната граница, е задржан на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, додека четворица се пуштени на домашно лекување.

Вчера при интервенцијата на македонските безбедносни сили кон толпата од неколку илјади мигранти, кои се обидоа нелегално да влезат на македонска територија од Грција, беа повредени вкупно 14 полицајци и девет припадници на АРМ.

Во текот на судирот, според Министерството за внатрешни работи, биле оштетени и три возила на МВР и пет на АРМ.

Од МВР, за „Мета“ велат дека ноќта и утрово состојбата на граничната линија, кај кота 59, е мирна и без поголеми тензии.

– Од петтемина потешко повредени полициски службеници, четворица се пуштени на домашно лекување, а еден е задржан во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Неговата состојба е стабилна, но по процена на лекарите е задржан на опсервација – ни изјави началничката на секторот за протокол и за односи со јавноста на МВР, Наталија Спирова-Кордиќ.

Вчера, околу 11 часот, група од 1.000 до 2.000 мигранти почнаа со насилни протести на 100-200 метри од граничен камен 59, со фрлање камења и разни предмети кон припадниците на македонските безбедносни сили. По ова, полицијата и војската почнаа со мерки за одбивање на мигрантите, при што беше употребен и солзавец.

Околу 15 часот вчера, безбедноста на границата беше подигната на највисоко ниво по добиена информација дека мигрантите подготвуваат молотови коктели, но до тоа не дошло.

Каменувањето од страна на мигрантите кон македонските безбедносни сили, како што информираа од МВР, траело до 18 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...