Револтирани од поставувањето на жичаната ограда на границата со Грција, група мигранти на кои не им се дозволува влез во земјава почнале да фрлаат камења кон припадниците на армијата кои работеле на поставувањето на бетонските столбови и оградата, во должина од три километри, јави телевизијата „Телма“.

Според „Телма“, веднаш реагирала полицијата, по што дошло до судир со групата од околу 100 мигранти.

Неофицијално, според телевизијата, во инцидентот  биле повредени четворица полицајци.

На границата со Грција бил присутен и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој требало да присуствува на активностите за поставување на жичаната ограда.