fbpx

Јолевски: За десетпати зголемен бројот на мигранти што доаѓаат во Македонија

-

Армијата на Република Македонија е подготвена за прифаќање на зголемен број странски државјани, меѓутоа во моментов нема потреба од зголемување на бројот на војници на македонската јужна граница.
Ова го истакна министерот за одбрана , Зоран Јолевски, синоќа на отворањето на напредната школа на НАТО, „Справување со заканата од тероризмот во Југоисточна Европа“, во Охрид и појасни дека во јануари годинава, во споредба со јануари лани, бројот на мигранти што доаѓаат е за десетпати зголемен.

Јолевски додава дека се разработуваат планови за зголемување на војската, ако е потребно, и до 1.000 лица, но во овој момент нема потреба од тоа.

– Генералштабот има подготвено неколку сценарија за да бидеме подготвени во случај на зголемување на бројот на бегалци што ќе ја преминат македонската граница, за да се справиме со бегалската криза. Во овој момент имаме околу 180 војници, кои се на редовна база на границата. Бидејќи се подигнува вториот ред на оградата, имаме дополнителен број на војници. Што се однесува до размената на информации во борбата со тероризмот, таа е мошне значајна. Како што знаете, Европа во последните неколку години се соочи со неколку големи терористички напади, што укажа на потребата за заедничка соработка. Соработката меѓу Воената академија и Универзитетот „Норвич“ продолжува, испративме наши двајца кадети, кои присуствуваат на настава таму. Ќе работиме на бројни заеднички истражувачки проекти во областа на одбраната – истакна министерот Јолевски.

За соработката со Универзитетот „Норвич“ од САД, говореше и професорот Тревис Мартин.

– Најважно е мрежното поврзување, заемното работење, почнувајќи од владата, полицијата, војската, како и претставници на безбедносните служби, кризниот менаџмент, академската заедница и невладиниот сектор. Најважно од сè е да се биде подготвен, да се превенира, сите треба да се проактивни, а не да се чека да се решаваат работите ретроактивно. Се надеваме дека ќе успееме да ги објасниме практично најважните моменти, да се разговара за нив и тие да се најдат на официјален документ како прирачник – вели професор Мартин.

Бегалската криза, како заеднички проблем за целиот Балкан, ја апострофираа Владимир Рајчиќ, шеф на бирото за меѓународна соработка од Црна Гора, Марија Сапунџиева, претставничка од академската заедница на безбедносните служби на Република Бугарија и други учесници.

– Република Македонија и Република Бугарија, конкретно, околу оваа проблематика треба да соработуваат меѓусебно, но и со други држави, како Германија, Данска, Франција… Треба да ги применуваат мерките што се применуваат во овие земји и откако ќе се депортираат поголема група бегалци, веќе да се затворат границите – објаснува Сапунџиева.

На школата, која е дел од програмата „Наука за мир“ и по четврти пат ја организира Воената академија на Република Македонија, учествуваат 40 претставници на безбедносните служби, кризниот менаџмент, академската заедница и на невладиниот сектор од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и од Црна Гора, како и повеќе од 17 експерти од ЕУ, Канада, Велика Британија, САД, Белгија и од регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...