fbpx

Командантот на Косовските безбедносни сили утре во посета на Македонија

-

Утре, во официјална посета на АРМ, ќе престојува командантот на Косовските безбедносни сили (КБС), генерал-потполковник Рахман Рама. Делегацијата на КБС во Генерал-штабот на АРМ ќе биде пречекана со воени почести, од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Рама ќе се сретне и со заменикот на министерот за одбрана, Иљми Селами.

Главни теми на средбата ќе бидат: унапредување на билатералната соработка на полето на едукацијата, презентации за  учеството на АРМ во меѓународните мировни мисии и концептот за оперативни способности.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...