fbpx

Генералот Хол се заблагодари за поддршката на АРМ за НАТО

-

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска се сретна со заменик-началникот на секцијата за планирање, политика и за партнерство на командата на САД за Европа, бригадниот генерал Вилијам Хол.

На средбата, која е дел од посетата на заменик-помошникот за одбрана на САД, Евелин Фаркаш, на Република Македонија, генералите Котески и Хол разговарале за меѓуармиската соработка и за нејзино унапредување во рамките на командата на САД за Европа и на АРМ. Во разговорите особено значење беше дадено на обуката, вежбите и на опремувањето на АРМ.

За време на посетата, на генералот Хол му биле презентирани процесот на трансформација на АРМ и аспирациите за членство во НАТО, како и учеството на АРМ во меѓународни мисии. Посебен акцент бил даден на идните чекори на трансформација на армијата и начинот на подготовка и на оценување на декларираните единици. Во оваа пригода било искажанo дека со помош на имплементацијата на партнерските цели, АРМ ја унапредила интероперабилноста со НАТО и дека рамноправно учествува во операциите водени од Алијансата.

На крајот на средбата, генералот Хол ја поздравил и се заблагодарил на поддршката на што АРМ ја дава на НАТО во меѓународните мировни мисии, особено на силите ангажирани во Авганистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...