Заев-Шекеринска: Моќта на НАТО е во неговото заедништво, членството не е само формалност

-

Со членството во НАТО не сме повеќе сами. Северна Македонија никогаш повеќе нема да биде ниту ставена под прашалник, ниту изолирана од светот“, истакна премиерот Зоран Заев на Криволак, каде во присуство на највисокиот политичко – воен врв на Северна Македонија и високи гости од САД и сојузниците, беше реализиран Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.

Тој додаде дека токму со членството во Алијансата, земјава стана фактор за стабилност во регионот и извозник на безбедноста, а денешното учество на претставници на нашата Армија, заедно со НАТО, е резултат на високите достигнувања во техничката и воена подготвеност на нашите офицери и војници, но и на политичка визија.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска порача дека моќта на НАТО е во неговото заедништво и дека токму на оваа вежба се покажува единството, сојузништвото, подготвеноста и соработката која може да ја има само најмоќната воено – политичка Алијанса која светот ја познава.

„Вежбата „Одлучен удар 21“ покажува дека членството во НАТО навистина не е само формално достигнување кое ќе го запишеме на хартија и ќе кажеме дека е остварување на нашата стратешка цел. Тоа е секојдневна практична работа, заедничко вежбање и војување, работа на терен која ја легитимира и Армијата на Северна Македонија како рамноправна, усогласена, еднаква со сојузничките Армии“, рече министерката и додаде дека денеска ние сме сојузник во НАТО кој ја гарантира безбедноста и сигурноста на своите граѓани, а заедно со сојузниците и на сите граѓани во Алијансата.

Таа порача дека во изминатите две недели, пешадиските и специјалните единици на армиите на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија покажаа дека дејствуваат како едно, дека македонскиот војник во акција може да го довери својот живот на американскиот, на бугарскиот и грчкиот, или пак да го брани животот на секој свој сојузнички колега, додека се одвива акцијата.

Уставниот суд ги укина измените на Изборниот законик што ги ограничуваа независните кандидати

Со мнозинство гласови, Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука за укинување на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, оценувајќи дека со нив...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Уставниот суд ги укина измените на Изборниот законик што ги ограничуваа независните кандидати

Со мнозинство гласови, Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука за укинување на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, оценувајќи дека...