Промовирани 55 подофицери на АРМ, МО подготвува отпремнини за војниците постари од 45 години

-

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беа промовирани 55 подофицери, кои го завршија подофицерскиот курс на АРМ, и заедно со нивните 65 колеги кои беа произведени во подофицерски чинови во февруари годинава, го сочинуваат првото освежување на подофицерскиот кадар на АРМ во последниве 10 години, информираат од Министерството за одбрана.

На свеченоста, министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека со чинот на промоција на подофицерите се заокружува една од важните цели, не само за оваа година, туку за цела деценија во работењето на Армијата.

„Цели 11 години нашата Армија немаше ниту курс за подофицери, ниту производство на подофицери. И во тие 11 години акумулиравме недостиг на повеќе од 500 подофицери без кои ниту една Армија, а камо ли НАТО Армија не може да биде цела. Оваа година во тешки услови на корона, на епидемија, на кризни состојби успеавме да ја завршиме оваа цел која што стоела како проблем 11 години. Во оваа една година создадовме нови 120 подофицери и практично решивме една четвртина од проблемот кој што е наследен во претходната декада“, рече министерката.

Шекеринска зборуваше и за направеното за развој на Армијата и статусот на војниците и посочи дека се подготвуваат нови измени на Законот за служба, со коишто војниците по навршување 45 години живот ќе може да добијат отпремнина за напуштање на АРМ.

„Со новите измени на Законот за служба предвидуваме уште една опција, за сите оние кои што полнат 45 години и не успеале за разлика од вас да станат подофицери, освен шансата да работат во државната управа, сега ќе добијат шанса и да заминат со финансиски надоместок кој што ќе им гарантира нов почеток“, рече министерката.

Обуката на подофицерите се реализираше на армискиот полигон „Криволак“ и во Центарот за обука „Пепелиште“, од страна на искусни инструктори од Командата за обука и доктрини, Баталјонот за специјални сили и извидувачко – разузнавачкиот баталјон.

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

ЗХГ до претседателката Сиљановска-Давкова: Не ги потпишувајте измените на Законот за урбанистичко планирање

Активисти на Граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град (ЗХГ) испратија апел до претседателката Гордана Сиљановска Давкова да не ги потпишува, како што велат, контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои...

ИДСЦС: Поддршката за ЕУ интеграцијата е стабилна, 20% од граѓаните прифаќаат уставни измени

Македонските граѓани продолжуваат да ја поддржуваат интеграцијата во Европската Унија, но само 20% од испитаниците сметаат дека државата треба ги направи нужните уставни измени за продолжување со процесот, покажува истражувањето на...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната...