Шумски пожар над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликоптер за заштита на селото

Архивска фотографија за шумски пожар.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над селото Галичник околу 13.30 часот, започнал координација со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја известил и АРМ, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштита на Галичник.

Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Територијалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), МВР.

Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума, известуваат од ЦУК.