недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: шумски пожар | 44 резултати

Пожар меѓу Богомила и Прилеп ги „закочи“ возовите, патниците оставени сами на себе

септември 23, 2023

Поради шумски пожар помеѓу селото Богомила и Прилеп, возовите од Скопје за Битола и од Битола за Скопје стојат во место, а бидејќи „Македонски Железници – Транспорт“ нема обезбедено алтернативен автобуски превоз, патниците се принудени да чекаат или сами да се снаоѓаат за да стигнат на своето одредиште, На битолската Железничка станица десетина патници што […]

Пост на Фејсбук манипулира дека со дрон намерно се палеле шуми

мај 27, 2023

Станува збор за хеликоптери кои се користат за да се стопира понатамошното ширење на шумски пожар, односно за контролирано палење, при што се прави обрач околу огнот за да се спречи да има материјал што понатаму би се разгорувал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пост на социјалната мрежа […]

Пожарот над железничката станица „Рајко Жинзифов“ уште се шири

септември 11, 2021

И претпладнево траат борбите на пожарникарите со големиот шумски пожар што вчера изби над железничката станица „Рајко Жинзифов” во близина на Велес. Пожарот бил пријавен во 13:10 часот во Територијалната противпожарна единица во градот од каде со осум пожарникари со две возила веднаш се вклучија во неговото гаснење. Пожарникарите на терен беа синоќа до 22 […]

Вистиномер: Фотографијата од мајката птица што изгоре е од Иран, а не од Пехчево

август 16, 2021

Фотографијата што се споделува во оваа објава на Фејсбук е вистинита и веродостојна, но таа не е снимена во Пехчево. Таа е стара повеќе од една година и често пати е пренесувана во контекст на пожари што се случувале во различни земји, ама оригинално е фотографирана во Иран во средината на 2020 година, пишува „Вистиномер“ […]

Ангелов: Спречено ширењето на пожарот над селото Будинарци

август 10, 2021

Ширењето на големиот шумски пожар над малешевското село Будинарци е спречено со предизвикување контра-пожар, рече претпладнево на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој рече дека на борбата со огнената стихија кај ова место ангажирани се повеќе од 500 лица, од кои 136 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 […]

Приведен дебарчанец осомничен за подметнување шумски пожар

август 9, 2021

СВР Охрид соопшти дека вчера околу 18.30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола од полициски службеници, во соработка со Противпожарната единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово. Патролата веднаш почнала да го гаснале […]

Најкритична состојбата со пожарите е во Пехчевско и кај Македонски Брод

август 5, 2021

Шумските пожари по тромесечната суша во земјава се закануваат да уништат уште дрвја и друга вегетација, а напорите да се изгаснат најголемите жаришта уште не вродија плод. Во локализирања и гасење на шумските пожари се ангажирани пожарникарите, доброволци, војници, но и пет хеликоптери, од кои три дојдени на испомош од Србија. Од Бугарија стигнаа 25 […]

Хеликоптери на Армијата го гасат пожарот над Пасјак, граничниот премин „Богородица“ по пожарот повторно во функција

август 4, 2021

Со хеликоптери од АРСМ од утрово се гаси пожарот на најкритичната точка над Пасјак во село Нов Истевник во Делчевско. Воздушната поддршка во гаснењето на големиот пожар, кој е активен 48 часа на планината Средна. „Активно во гаснењето на пожарот се вклучени 90 припадници на АРСМ, припадници на Граничната полиција, просторните сили на Општина Делчево […]

Пожари беснеат низ земјава, од утрово целосна забрана за движење во шумите

август 3, 2021

Од утрово во земјава стапи на сила целосната забрана за движење во шумските предели, а Владата апелираше до граѓаните да не се движат низ шумските предели заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Пожарот во Кочанско којшто беснееше вчера вечерта е локализиран и ставен под контрола. Пожарот и понатаму е […]

Пендаровски: Издадов наредба армијата да интервенира во гаснењето на пожарите

август 2, 2021

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го информирал претседателот Стево Пендаровски за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, соопштија од кабинетот на шефот на државата. „Претседателот Пендаровски, како Врховен командант, во 16:30 часот издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет. Одобрена е и […]

Ситуацијата со пожарот над Кочани сè уште тешка

август 2, 2021

Голем број граѓани на Кочани излегоа да помогнат во гаснењето на пожарите кои избувнаа попладнево над градот и веќе зафатија 2-3 куќи на периферијата на градот, дозна „Мета“. „Се надеваме дека до сабајле пожарот ќе биде изгаснат, но ситуацијата е навистина тешка“, вели соговорникот на „Мета“ кој заедно со други сограѓани им помагаат на пожарникарите. […]

Голем пожар во Грција, евакуирани се населени места, ангажирани се авиони и хеликоптери

мај 22, 2021

Големиот шумски пожар што изби во среда во грчката област Коринт повторно се распламте утрово, а досега се уништени 55 квадратни километри во оваа област на полуостровот Атика. Досега се евакуирани шест села и два манастира, а има изгорени куќи. Во гаснењето на пожарот кој дивее на околу 80 километри западно од главниот град Атина […]

Изгаснат шумскиот пожар кој вчера изби во Галичник

мај 3, 2021

Месната заедница на Галичник изутринава на социјалните мрежи соопшти дека противпожарните екипи со помош на припадниците на Армијата, успеале во текот на вечерните часови да ги изгаснат сите жаришта од пожарот во Галичник. „Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од […]

Поради силниот ветер хеликоптерот на АРМ не може да го гасне пожарот кај Галичник

мај 2, 2021

Хеликоптерот на АРМ кој на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше испратен да го гасне шумскиот пожар над Галичник стигнал на местото, но не може да дејствува поради силниот ветер, извести ЦУК. Сепак, хеликоптерот е опремен со ведро за гаснење пожари и екипажот е подготвен да полета штом се создадат услови, додека […]

Шумски пожар над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликоптер за заштита на селото

мај 2, 2021

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над селото Галичник околу 13.30 часот, започнал координација со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја известил и АРМ, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштита на Галичник. Известена е и Дирекцијата […]

Полицијата го откри тинејџерот што предизвика пожар кај Мојанци и објави видео на ТикТок од потпалувањето

август 15, 2020

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство – Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-годишниот малолетник од скопското село Мојанци поради предизвикување на пожарот на нискостеблеста шума и вегетација во близина на селото. Тој на 4 август на социјалната мрежа ТикТок објави видео како го потпалува пожарот. Фотографиите и видеата биле […]

Дезинформации поврзани со неодамнешните пожари во земјата и светот

септември 5, 2019

Иако пожарите се трагични настани, сепак, креаторите на лажни вести не ја пропуштија можноста и од вакви несреќи да извлечат корист, пишува „КриТинк.мк“ во анализата „Топ-7 дезинформации за неодамнешните пожари во земјава и светот“. Ова лето се случија два огромни пожара во светот, гореше Сибир и гореше шумата во Амазон, а во Македонија гореше во […]

Ставен е под контрола пожарот на Осоговските Планини

август 9, 2019

Во текот на вечерта и ноќта се гаснеше пожарот на Осоговските Планини, што се закануваше да ги зафати околните села и туристичкиот центар Пониква кај Кочани. Непрекинато во текот на ноќта интервенираа Противпожарните единици на Кочани, Виница, Македонска Каменица и Штип, механизација на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, служби од Полицијата и Македонски шуми од Скопје. […]

Воведена забрана за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“

август 8, 2019

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Ј.П. „Национални шуми“ воведе делумна забрана за движење во шумите со кои стопанисува оваа претпријатие. Забраната за движење стапи на сила денеска и ќе трае сè до нејзиното отповикување. Одлуката е донесена за да се спречи опасноста од појава на пожари. Забраната не важи за вработените […]

Во пожарите во Калифорнија 80 загинати и повеќе од 1.200 исчезнати

ноември 19, 2018

Бројот на исчезнати лица во големите пожари што ја зафатија Калифорнија од 8 ноември, ноќеска се искачи до повеќе од 1.200 луѓе, а бројот на загинати е 80, јавуваат медиумите од САД. Двата пожара што избија речиси истовремено се сметаат за најдеструктивните досега во оваа сојузна држава. Досега се идентификувани 63 тела на загинати, а […]

Страна 1 од 2