fbpx

Вистиномер: Фотографијата од мајката птица што изгоре е од Иран, а не од Пехчево

-

Фотографијата што се споделува во оваа објава на Фејсбук е вистинита и веродостојна, но таа не е снимена во Пехчево. Таа е стара повеќе од една година и често пати е пренесувана во контекст на пожари што се случувале во различни земји, ама оригинално е фотографирана во Иран во средината на 2020 година, пишува „Вистиномер“ во анализата на Фејсбук-пост.

 

Рецензираме пост на Фејсбук проследен со трогателна фотографија од изгорена птица до која има неколку јајца.

Мајка е мајка, без разлика од кој вид е. Можела да одлета и да се спаси, но останала. Пехчево, пишува во описот на фотографијата.

Концептот дека граѓаните повеќе се заинтересирани и повеќе ги вознемируваат случувањата кои се дел од територијата, односно земјата, во која живеат, отколку оние кои се случуваат географски далеку од нив, предизвика оваа фотографија да биде споделувана на повеќе платформи, меѓу кои и Твитер и да има значителен број на реакции и допаѓања. Така, постот што го рецензираме има 60 допаѓања и 7 споделувања.

Но, нашата проверка на факти покажа дека фотографијата не е од Пехчево, каде што деновиве имаше пожар. Фотографијата претходно ја има споделено на Твитер Хамид Мир, новинар од Пакистан, кој пишува за Гардијан. Споделувањето на фотографијата од неговиот Твитер профил се случува на 29 мај годинава,  повеќе од два месеца пред да избувнат пожарите ширум Македонија.

Не било тешко за оваа мајка птица да одлета и да си го спаси животот од пожарот во Маргала шумите на Исламабад, но таа никогаш не го стори тоа затоа што имаше живот во овие јајца. Таа сакаше да го заштити животот на нејзините чеда и за ова го даде својот живот, напиша новинарот.

Оттука, забележуваме дека истиот наратив на Хамид Мир е споделен и во македонскиот пост, само што тој е прилагоден за македонски услови, односно напишано е дека случката опишана на трогателната фотографија е од Пехчево.

Нашето понатамошно проверување на изворот на фотографијата, пак, нè наведе на заклучокот дека ниту Хамид Мир не е нејзин автор и ниту Пакистан не е местото каде се случил наводниот пожар.

Според пакистанските проверувачи на факти, сликата е од Техеран, Иран. Тие на Твитер, како што може да се види подолу, ја објавија целосната фотографија, а не само делот од птицата и јајцата којшто е споделуван во Македонија.

 

Истата фотографија ја објави и новинската агенција „Мер“ во овој видео извештај од 25 јули 2020 и наведе дека е од Иран.

Прилогот е на персиски јазик и во него се кажува дека птицата изгорела до смрт додека се трудела да си ги заштити јајцата во иранскиот град Лавасан.

И други ирански медиуми ја имаат објавено во истиот контекст фотографијата која потекнува од Иран.

Оттука, во постот што го рецензираме намерно или не се пропушта контекстот. Иако, фотографијата е вистинита и веродостојна, таа не е снимена во Пехчево. Таа е стара повеќе од една година и често пати е пренесувана во контекст на пожари што се случувале во различни земји, но оригинално е фотографирана во Иран во средината на 2020 година, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...