fbpx

Пост на Фејсбук манипулира дека со дрон намерно се палеле шуми

Постојат повеќе начини за поставување контролиран пожар, но за нив се потребни луѓе на земја, во близина на огнот. Тоа може да биде тешко на нерамен терен и бара  многу работна сила за опожарување на големи површини. Во вакви ситуации се користи хеликоптер кој испушта оган

-

Станува збор за хеликоптери кои се користат за да се стопира понатамошното ширење на шумски пожар, односно за контролирано палење, при што се прави обрач околу огнот за да се спречи да има материјал што понатаму би се разгорувал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на социјалната мрежа Фејсбук споделува видео за кое се тврди дека прикажува како намерно се пали шума со дрон.
Во реалноста, тоа е техника позната во целиот свет и служи, спротивно од она што се тврди во постот, за запирање на пожарите.

Видеото кое е прикачено во објавата, како што објавува сервисот за проверка на фактите на Опен, е од Канада. Клипот, снимен за време на пожарот во Баезаеко, бил објавен за првпат во 2018 година од канадската компанија Arduini Helicopters. Истото видео погрешно се поврзувало со шумските пожари во Бразил во 2019 година, пишува порталот Опен.

Станува збор за хеликоптери кои се користат за да се стопира понатамошното ширење на шумски пожар, односно за контролирано палење при што се прави обрач околу огнот за да се спречи да има материјал што понатаму би се разгорувал.

Подметнување планирани пожари во борба со пожар

Контролирано горење, познато и како пропишано горење, вклучува подметнување планирани пожари за да се одржи здравјето на шумата. Овие горења се закажуваат во време кога пожарот нема да претставува закана за јавноста или оние кои го спроведуваат.

Но, освен за тоа се користи и како превенција од ширење на веќе постоечки пожари односно станува збор за периметарот што го создаваат пожарникарите околу огнот за тој да не се шири.

Постојат повеќе начини за поставување контролиран пожар, но за нив се потребни луѓе на земја, во близина на огнот. Тоа може да биде тешко на нерамен терен и бара  многу работна сила за опожарување на големи површини. Во вакви ситуации се користи хеликоптер кој испушта оган.

Екипите кои се бореле со огромниот пожар во северна Калифорнија во 2015 година – кој веќе изгорел 70.000 хектари земја и уништил повеќе од 40 домови, искористиле понеобична опрема односно хеликоптер што „плука“ пламен.

Постојат неколку различни типови на ваков хеликоптер, но сите тие работат главно на ист начин, односно огнот излегува од џиновска алатка која виси неколку десетици метри под хеликоптер, а пожарникарите можат точно да одредат каде сакаат да ја запалат вегетацијата.

Идејата е да се започне континуирана огнена линија дури и на нерамен и непристапен терен. Исто така, со помош на овој хеликоптер се палат врвовите на дрвјата, што е тешко за операции кои се изведуваат од земја.

Хеликоптерот што исфрла оган е брз и ефикасен начин да се направи пожар. Тој има резервоар гориво од 55 литри што виси неколку метри од средината на хеликоптерот. Во употреба е од 1975 година, и тој е ефикасен начин за гаснење на поголеми пожари многу побрзо отколку што би можел екипажот на луѓе.

Примери за користење на ваква опрема односно хеликоптер што испушта оган, за да се стави под контрола голем пожар, може да се погледнат на видеата тукатука и тука.

Според ова, тврдењето во постот кој го рецензираме, дека некој намерно потпалува шумски пожари со дрон е неточно. Заклучокот е донесен паушално и целта e да ги измами и манипулира корисниците на социјалните мрежи. Вистината е дека овие хеликоптери се користат за да се изгасне веќе посетоечкиот пожар, а не да се предизвика. Поради тоа, постот го оценуваме како невистинит.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...