fbpx

ЦУК: Утрово изгаснат пожар што можеше да зафати поголема површина со квалитетна шума

Во почетокот горела ниска вегетација, мешана шума, а потоа и борова шума. Била опожарена површина со борова шума од околу 10 декари

-

Вкупно 33 пожари на отворен простор имало во текот на вчерашниот ден, од кои утрово активни биле уште пет, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од петте активни пожари изгаснат бил еден шумски за кој постоела опасност дека ќе зафати поголема површина со квалитетна шума. Станува збор за пожар во атарот на селото Бигла во Делчево, кој започнал синоќа околу триесет минути после полноќ.

Од ЦУК соопштија дека во почетокот горела ниска вегетација, мешана шума, а потоа и борова шума. Била опожарена површина со борова шума од околу 10 декари. Пожарот целосно е изгаснат од екипи на јавното претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Голак“ од Делчево.

Со цел спречување на пожарите и навремено реагирање на субјектите од Системот за управување со кризи, ЦУК апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено и ако забележат пожар веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 – единствениот број за итни случаи во ЦУК.

„Се надеваме дека денешниот неделен ден нема да биде „огнена недела“ како што е денот недела во изминативе неколку последни викенди – со голема бројка пожари во земјава“, велат од Центарот за управување со кризи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...