Приведен дебарчанец осомничен за подметнување шумски пожар

Фото: Генералштаб на АРМ

СВР Охрид соопшти дека вчера околу 18.30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола од полициски службеници, во соработка со Противпожарната единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово.

Патролата веднаш почнала да го гаснале пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација.

Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за „предизвикување шумски пожар“ од Кривичниот законик.