четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: гаснење | 44 резултати

Скопските пожарникари на Водно ја презентираа опремата за гаснење шумски пожари

август 20, 2021

Скопските пожарникари придружувани од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска на Водно изведоа показна вежба за гасење шумски пожар со помош на специјална опрема за гасење ваков тип пожари. Опремата се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална […]

Ангелов: Спречено ширењето на пожарот над селото Будинарци

август 10, 2021

Ширењето на големиот шумски пожар над малешевското село Будинарци е спречено со предизвикување контра-пожар, рече претпладнево на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој рече дека на борбата со огнената стихија кај ова место ангажирани се повеќе од 500 лица, од кои 136 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 […]

Во врска со пожарите во последното деноноќие ангажирани 588 полициски службеници

август 10, 2021

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на земјава биле ангажирани 588 полициски службеници, биле реализирани 222 мото-патроли и користени 175 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица […]

Катастрофални пожари во Грција и Турција, досега загинаа 10 лица

август 7, 2021

Во Грција и Турција продолжуваат да беснеат катастрофалните пожари кои се појавија, а во чие натамошно ширење потпомагаат топлото време и силниот ветар. Илјадници туристи и жители од градовите северно од Атина се евакуирани поради пожарите, а од пожарите во Грција досега загинаа две лица, јавува Би-би-си. Огромните пламени јазици и чадот се гаснат со […]

Пожарите во Малешевијата и Делчевско не се изгаснати, критично и во други региони во земјава

август 6, 2021

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 14 часот денеска, состојбата со пожарите во Малешевијата, во близината на Пехчево, и во Делчевско е уште критична, но слично е и на неколку други места низ земјава. Штипски регион Пожарот кој започна на ден Илинден во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак се уште е активен […]

Вчера во Скопје имало 22 интервенции на пожарникарите и 7 лажни пријави за пожари

август 6, 2021

Вчерашниот ден бил исклучително тежок ден за екипите на Противпожарната бригада на Скопје, кои имале 22 интервенции на територијата на Скопје, информираат од Град Скопје. Најголем дел од интервенциите биле за запалена трева, а поголем пожар се случил во фабриката ОХИС. Сите пожари се изгаснати, а на локациите се интервенирало со повеќе возила и пожарникари. […]

Пожарот кај Пехчевско е проширен на дијаметар од 15 километри, за гаснење стигнаа и екипи од Австрија

август 6, 2021

Пожарите во Малешевијата и понатаму остануваат активни, а најкритично е во Пехчевско, каде тамошниот пожар е во дијаметар од 15 километри и до овој момент опожарена е борова шума и нискостеблести растенија на површина од околу 800 хектари, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Пожарот го зафати маалото Балабанци во с.Нов Истевник, […]

Пожарите зафатија илјадници хектари, речиси 700 лица ги гасат, ЕУ испраќа дополнителна помош

август 5, 2021

Ветерот којшто засилено дува во моментов во земјава, пропратен со високите температури и сушното време, продолжува да прави проблеми во гаснењето на пожарите низ земјава. Центарот за управување со кризи, според податоците заклучно со 13 часот денеска, информира дека актуелните пожари во Штипскиот, Струмичкиот, Битолскиот, Охридскиот, Тетовскиот и Кумановскиот регион досега уништиле над 4.000 хектари […]

Најкритична состојбата со пожарите е во Пехчевско и кај Македонски Брод

август 5, 2021

Шумските пожари по тромесечната суша во земјава се закануваат да уништат уште дрвја и друга вегетација, а напорите да се изгаснат најголемите жаришта уште не вродија плод. Во локализирања и гасење на шумските пожари се ангажирани пожарникарите, доброволци, војници, но и пет хеликоптери, од кои три дојдени на испомош од Србија. Од Бугарија стигнаа 25 […]

Бугарија и Словенија испраќаат помош во земјава за гаснење на пожарите

август 4, 2021

Откако Србија во текот на вчерашниот ден се одлучи да испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите во земјава, најавено е дека помош денеска ќе пристигне од Бугарија и Словенија. По вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, се реализира ветувањето за помош при справувањето со пожарите […]

Пожари беснеат низ земјава, од утрово целосна забрана за движење во шумите

август 3, 2021

Од утрово во земјава стапи на сила целосната забрана за движење во шумските предели, а Владата апелираше до граѓаните да не се движат низ шумските предели заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Пожарот во Кочанско којшто беснееше вчера вечерта е локализиран и ставен под контрола. Пожарот и понатаму е […]

Пендаровски: Издадов наредба армијата да интервенира во гаснењето на пожарите

август 2, 2021

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го информирал претседателот Стево Пендаровски за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, соопштија од кабинетот на шефот на државата. „Претседателот Пендаровски, како Врховен командант, во 16:30 часот издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет. Одобрена е и […]

Поради силниот ветер хеликоптерот на АРМ не може да го гасне пожарот кај Галичник

мај 2, 2021

Хеликоптерот на АРМ кој на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше испратен да го гасне шумскиот пожар над Галичник стигнал на местото, но не може да дејствува поради силниот ветер, извести ЦУК. Сепак, хеликоптерот е опремен со ведро за гаснење пожари и екипажот е подготвен да полета штом се создадат услови, додека […]

Шумски пожар над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликоптер за заштита на селото

мај 2, 2021

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над селото Галичник околу 13.30 часот, започнал координација со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја известил и АРМ, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштита на Галичник. Известена е и Дирекцијата […]

Германија од 2021 година почнува да ги гаси термоелектраните на јаглен

декември 2, 2020

Германија ќе им исплати на енергетските концерни 317 милиони евра за гаснење на термоелектраните кои го користат јагленот како гориво, објави во вторникот Сојузната агенција за мрежна инфраструктура, најавувајќи значаен исчекор кон затворање на постројките на јаглен и преминување кон чистите извори на енергија. Како што пренесува деловниот портал SEEbiz.eu, според планот кој го објави […]

Рекордни 135 интервенции на Територијалната противпожарна единица од Охрид

март 14, 2019

Поради големиот број на пожари во првото тримесечjе од годинава, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и четири интервенции на опожарени сообраќајни средства. „Високиот број […]

Пожарот во Пржино изгаснат, едено девојче пренесено на клиника

декември 2, 2017

Вчера, околу 16.50 часот, во Скопје на улица Баница во Пржино, избувнал пожар во зграда, при што биле опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор, се вели во билтенот на МВР. Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено на Клиниката за токсикологија. Од Противпожарната бригада информираат дека пожарот бил локализиран и […]

Три пожари активни во Маврово, повторно гори и кај манастирот Трескавец

август 28, 2017

Три шумски пожари се активни во националниот парк „Маврово“.Најголем и со фронт на ширење од над седум километри е пожарот во реонот на Аџина Река на Шар Планина, а пожар има и во близина на караулата „Победа“ и месноста Стрезимир. Во овој пожар досега се изгореле околу 300 хектари високо планински пасишта и стебла на […]

Изгаснат пожарот кај Рибница, но се уште гори кај Аџина Река

август 27, 2017

Изгаснат е еден од двата пожара во националниот парк „Маврово“, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување, додавајќи дека другиот пожар се уште е активен. Вработени во паркот се на терен, но засега нема информации како оди справувањето со вториот пожар. Од Дирекцијата соопштија дека вчера околу 13 часот бил забележан чад и оган во […]

Тетовската депонија гори, ветрот ги отежнува условите за гаснење на пожарот

август 19, 2017

Дивата депонија во Тетово која се наоѓа на влезот на градот гори, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. Огнот се шири кон силосите за жито на „Жито Полог“, а според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за неколку часа ќе се знае дали екипите на територијалната противпожарна единица ќе успеат да го изгаснат пожарот […]

Страна 1 од 2