fbpx

Пожарите во Малешевијата и Делчевско не се изгаснати, критично и во други региони во земјава

-

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 14 часот денеска, состојбата со пожарите во Малешевијата, во близината на Пехчево, и во Делчевско е уште критична, но слично е и на неколку други места низ земјава.

Штипски регион
Пожарот кој започна на ден Илинден во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак се уште е активен и е во дијаметар од 15 километри. До овој момент опожарени се околу 1.000 хектари борова шума и нискостеблести растенија. Моментално покритично е на месноста Света вода помеѓу селата Тработивиште и Разловци.

Интервенираат 60 припадници на АРСМ, 25 вработени во ШС „Голак“ Делчево со 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП возила цистерни и едно теренско возило лада нива; ТППЕ од Р.Бугарија со 6 пожарникари и 1 ПП возило; 5 припадници на Гранична полиција со 4 теренски возила, 2 припадника на ПС Делчево со 1 теренско возило, ЈПКД Брегалница со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип, РЦУК Делчево со 2 вработени, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со едно теренско возило, МВР Тигри со 24 вработени, МВР – ЕБР со 22 вработени. Волонтери од Црвен Крст – Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.

На територијата на општина Пехчево, пожарот кај м.в. Бајаз Тепе и понатаму е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Пожарот околу с. Црник е ставен под контрола, каде на терен е месното население заради контрола околу селото. Тука интервенираат и пожарникарите од Бугарија, Словенија и Австрија, испратени како помош од ЕУ: Во моментот пожарот е и над с.Мачево и таму има екипи, односно интервенираат „Равна Река“ Пехчево со 30 работници и 6 теренски возила; ШС „Малешево“ Берово со 15 работници и 4 теренски возила; АРСМ со 100 војника; ТППЕ Берово со 7 пожарникари и 1 теренско возило и 2 цистерни; потоа со 3 ПП возила и 25 пожарникари од Бугарија; 17 возила и 45 луѓе од Словенија; Австрија со 60 пожарникари и 20 возила.

Во гаснењето на овој пожар се вклучени и ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 1 ПП возило и 2 пожарникари; ДЗС со 4 вработени и 1 теренско возило; РЦУК Берово со 2 вработени; ЕВН со 6 теренски возила за превоз. Има и доброволци од месното население, односно  60 луѓе.

Струмички регион
Пожарот кај месноста Погана, и понатаму е активен, особено во делот напосредно пред ветерниците кај Богданци. Досега опожарени се околу 1.350 хектари. Интервенираат ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак Валандово со 14 вработени; АРСМ со 30 припадници; ДЗС Валандово со 7 лица; ЕВН Битола со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило; ШС Кожуф Гевгелија со 33 вработени со 3 возила; ЈПКД Комунална чистота Богданци; 10 жители со 1 трактор и 2 мотора од н.м.Казандол.

Пожар има и кај село Погулево, со кој е зафатена сува трева и нискостеблеста шума, а во близина има и фарми. Интервенираат ТППЕ Радовиш со 10 пожарникари со 2 ПП возила, ШС „Плачковица“ – Радовиш со екипи и екипа од „Боров Дол“.

Скопски регион
Во пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ (опш.Сарај) интервенира БППЗ со една екипа. ШС Караџица известиле дека во 14:30 часот ќе испратат една екипа со 4 пожарникари и цистерна, додека од НП Јасен имаат луѓе на терен и контролираат пожарот да не се префрли во Националниот Парк. Има и претставници од Општина Сарај.

Битолски регион
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет и е на непристапен терен. Исто така и пожарот на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) е активен и е со јак интензитет. Од страна на ЕЛС Прилеп побарана е и воздушна подршка.

На двата пожари интервенираа: ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари со 2 теренски возила; АРСМ со 32 војници; ШС Црн Бор Прилеп со 7 вработени и 1 возило; ЈП Водовод и Канализација – Прилеп со 10 вработени и ЈКП Комуналец – Прилеп со 8 лица.

Кумановски регион
Пожарот во с.Бељаковце е активен и се шири према с.Довезенце. Интервенираат АРСМ со 80 војници, ТППЕ Куманово со 12 пожарникари и 2 ПП возила, како и лица од ШС Куманово.

Тетовски регион
Во општина Гостивар, активен е пожарот кај Пожаране и на истиот интервенираат ШС „Шар“ – Гостивар.

ТППЕ Гостивар известува дека имале уште три интервенции кои се завршени и тоа:
– Во с.Печково каде гореле сува трева и грмушки, а интервенирале 5 пожарникари со 1 ПП возило и теренско возило;
– Во с.Бањице кај Касарната каде гаснеле сува трева со 4 пожарникари и 2 ПП возила;
– На автопатот Гостивар – Тетово гаснеле сува трева во нива, а интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило.

ТППЕ Тетово известува дека со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено ѓубре во нива во с.Жеровјане и пожарот е изгаснат. РЦУК Тетово, известува дека во сите општини кои ги покрива РЦУК Тетово имаат свикано кризни штабови, и во сите кризни штабови учествуваат вработени од РЦУК Тетово. Исто така во ПО РЦУК Тетово е активен регионалниот штаб.

Велешки регион
Пожарот на Богословски рид (опш.Свети Николе) и понатаму е активен а опожарени се бор, нискостеблеста дабова шума и смрека на површина поголема од 200 хектари. Од утрово интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11 пожарникари и 3 ПП возила, ДППД Свети Николе со 6 пожарникари и 2 ПП возила, ЈКП со 15 вработени, како и поголем број на вработени од ШС Свети Николе.

Овој пожар е префрлен и на територијата на општина Штип, и тоа кракот кон с.Добришани под дејство на ветрот го има сменето правецот и се движи кон реката Брегалница и притоа не загрозува објекти и населени места. Екипа на ТППЕ Штип работи на негово локализирање. Кракот кој гори во близина на магацините на АРСМ во с.Криви Дол е под контрола на 30 војници и се работи на негово локализирање. Интервенираат ТППЕ Штип со 10 пожарникари и теренско возило; ЈП Стипион Штип со теренско возило, РЦУК Штип со 1 вработен со теренско возило и АРСМ со 30 војници и 1 цистерна.

Во општина Велес, пожарот во близина на населбата Дорутовец е изгаснат во целост во 07:00 часот. На терен се наоѓа една дежурна екипа од ТППЕ Велес за спречување на евентуално обновување на пожарот.

Во општина Кавадарци пожарот кај м.в.Свети Петре, помеѓу селата Мрежичко и Рожден е локализиран во 20:00 часот на ден 05.08.2021 година. Од утринските часови на терен се ШС „Бор“ Кавадарци со 8 вработени и 2 возила кои вршат обиколка и по потреба интервенираат на места каде има чадење во опожарената површина.

Пожарот во близина на с.Возарци (опш.Кавадарци) е локализиран во 09:50 часот, а на истиот интервенирале ТППЕ Кавадарци со 7 пожарникари и 2 ПП возила и ЕУРОНИКЕЛ Кавадарци со 3 пожарникари, 1 ПП возилo и 1 теренско возило. Во внатрешноста на опожарената површина има на неколку места чадење и за дежурство оставена е екипа од ТППЕ Кавадарци со 3 пожарникари и 1 ПП возило.

Охридски регион
Пожарот помеѓу селата Косел и Расино, кој започна во 20:15 часот на ден 05.08.201 година, е локализиран во 07:00 часот на ден 06.08.2012 година. Интервенирале ШС Охрид со 12 вработени со 1 ПП возило и ТППЕ Охрид со 3 пожарникари и 1 ПП возило.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...