KOLOVRT FESTIVAL на 12 август започнува од Скопје со врвни ди-џеи што продуцираат електронска музика

Следејќи ги светските трендови на организирање, снимање и емитување на техно журки на локации со голема антрополошка вредност ја инициравме платформата KOLOVRT FESTIVAL, која ќе промовира локации со голема антрополошка и географска вредност а на кои ќе настапуваат артисти (Dj) кои продуцираат електронска музика, информираат организаторите на овој фестивал.

„Целта е да го прикажеме културното наследство низ призма на електронска музика и видео. Започнуваме од Скопје на 12 Август, локацијата ќе биде објавена 5 дена пред самиот настан, истата преставува гордост за Скопје и носи голема антрополошка вредност“, информираат од KOLOVRT FESTIVAL.

Инспирирани од концептите на Cercle и Time Code а во недостиг на квалитетни настани во земјава, тие ја започнале локалната приказна KOLOVRT FESTIVAL и со голем ентузијазам пристапиле на оваа навистина специфична операција: караван-фестивал со организирање, снимање и емитување на техно журки на локации со голема антрополошка вредност.

„Секој настан е различен, настаните се емитуваат на дигиталните канали една недела по неговото случување“, велат организаторите.

Првите артисти кои ќе настапат се техно двојката Soko&Sev од Лондон, кои досега работеле со големи имиња како Boris Brejcha, ANNA, Anja Schneider, Matador, Oliver Huntemann, Alex Stein, Juliet Fox and BEC. Продуцираат космичко техно. Нивната посебна способност за емоционално наполнети, интроспективни намалувања ги доведе до меѓународен успех, со богати изданија низ најплодните етикети на индустријата, како што се: Kraftek, Codex, AnalyticTrail, IAMT, Say What? And SetAbout.

Покрај интернационалните изведувачи, на првиот настан ќе рејваме и на нашиот Игор Петковиќ (Into the woods), велат организаторите на фестивалот.