fbpx

Трет ден беснеат пожарите кај Атина, ЕУ испраќа помош

Ризикот од појава на шумски пожари и понатаму останува екстремно висок низ целата земја

-

Кај грчкиот главен град Атина и денеска, трет ден по ред, беснеат пожари, додека земјата очекува нов топлотен бран што дополнително ќе ја зголеми опасноста од шумски пожари, јави грчкиот весник „Катимерини“.

Со првите зраци на сонцето, утринава противпожарните авиони продолжија со истурање вода кај местото Мандра, западно од Атина, и во Лутраки, близу Коринтскиот канал. На терен, пожарникарите цела ноќ се бореа да го сопрат ширењето на огнот и подалеку од рафинериите за нафта на брегот.

Пожарот што избувна во понеделникот кај Дервенохориа, на 30 километри северно од Атина, бргу се ширеше од непредвидливите ветришта и вчера стигна до Мандра, при што беа опожарени куќи и беше вршена евакуација на населението.

Четири авиони се испратени на помош од Италија и Франција и денеска треба да почнат со гаснење.

Пожар избувнал и на островот Родос, при што биле зафатени десетици куќи и стотици жители морале да бидат евакуирани.

Ризикот од појава на шумски пожари и понатаму останува екстремно висок низ целата земја, предупредува грчката Метеоролошка служба. Грција тукушто излезе од првиот голем топлотен бран, а новиот се очекува да почне утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...