Во рамки на проектот „Џез во Центарот“ овој петок (21.07) во кафе книжарницата „Буква“, концерти ќе одржат домашните изведувачи, бендот КАНТОН6 и Глигор Кондовски.
Проектот „Џез во Центарот“ е насочен кон музичко оплеменување на градските-центарски катчиња.
Глигор Кондовски е дипломиран виолинист и магистер по филмско и ТВ сценарио, кој работи како професор по виолина. Во портфолиото на Кондовски се запишани шест албуми со амбиентална џез музика и бројни претставувања во сземјата и регионот со музички композиции, кратки и документарни филмови. Зад себе има три музички изданија (албуми) за ПМГ Џез, еден соло и два во соработка со Владан Дробицки, Марија Каева и Дени Омерагиќ.
Кантон6 е пионерски музички проект кој датира од 2000-та, предвесник на инди-техно-рок кросоверот во земјава, развиен од Мирко Попов и Синиша Евтимов. Со бројни сингл и ЕП изданија, и 4 студиски албуми во овој состав. Од 2019 година Кантон6 активно работи како Трио во соработка со џез музичарот Владан Дробицки. Кантон 6 како електро-џез-етно состав создаваат современа музика инспирирана од автохтониот македонски ритам. Истата година соработуваат со Гербрудер Теихман од Берлин со кои издаваат албум во живо “Interactive Music Lab (Skopje Session)”. Во 2021 година го издаваат нивниот последен студиски албум #Jazzus.
Проектот се реализира од здружението за развој на музичка култура ПМГ Рекордингс 2.0, соподдршка на Општина Центар.
Влезот на концертот е бесплатен.