Поради големиот број на пожари во првото тримесечjе од годинава, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и четири интервенции на опожарени сообраќајни средства.

„Високиот број на интервенции за овој период од годината е највисок за последните 14 години и во најголем број случаи е резултат на небрежност и непочитување на законските одредби. Доколку лицата кои користат уреди, средства и отворен оган за одредени активности, должни се тоа да го прават на начин да ја обезбедат околината и да не предизвикуваат пожари или експлозии“, велат од ТППЕ Охрид.

Од ТППЕ упатуваат апел до граѓаните, да не палат оган во посевите и стрништата и предупредуваат на високите казни за предизвикувачите на пожари.