Скопските пожарникари вечерва интервенираа во поранешната фабрика „Треска“

Скопските пожарникари гаснеа пожар во хала на поранешната фабрика „Треска“. Фото: Мета, 25 септември 2021

Екипа со едно возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје вечерва интервенирала во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“ по дојава од граѓани за густ чад што се шири од фабричка хала.

Екипата интервенирала и го изгаснала пожарот.

„Тоа што сега се гледа како чад е само од испарувањето“ објаснија од скопска Пожарна за „Мета“.

Во моментов втора екипа е на местото и контролира дали повторно ќе се појави оган.

Екипата на „Мета“ на терен посведочи дека халите се полни со остатоци од мебел и крш и при евентуална нова појава на пожар би можело да изувне огнена стихија што ќе создаде многу токсичен чад што ќе ги покрие околните куќи и згради на улиците Владимир Полежиновски, Христо Смирненски, Теодосиј Гологанов и Рузвелтова.
.