fbpx
Таг: гаснење

таг: гаснење

Пожарот во Пржино изгаснат, едено девојче пренесено на клиника

Вчера, околу 16.50 часот, во Скопје на улица Баница во Пржино, избувнал пожар во зграда, при што биле опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор, се вели во билтенот на МВР. Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено на Клиниката за токсикологија. Од Противпожарната бригада информираат дека пожарот бил локализиран и во неговото гаснење интервенирале 30 пожарникари...

Три пожари активни во Маврово, повторно гори и кај манастирот Трескавец

Три шумски пожари се активни во националниот парк „Маврово“.Најголем и со фронт на ширење од над седум километри е пожарот во реонот на Аџина Река на Шар Планина, а пожар има и во близина на караулата „Победа“ и месноста Стрезимир. Во овој пожар досега се изгореле околу 300 хектари високо планински пасишта и стебла на смрека, ела и молика. Во...

Изгаснат пожарот кај Рибница, но се уште гори кај Аџина Река

Изгаснат е еден од двата пожара во националниот парк „Маврово“, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување, додавајќи дека другиот пожар се уште е активен. Вработени во паркот се на терен, но засега нема информации како оди справувањето со вториот пожар. Од Дирекцијата соопштија дека вчера околу 13 часот бил забележан чад и оган во атарот на Рибница и на...

Тетовската депонија гори, ветрот ги отежнува условите за гаснење на пожарот

Дивата депонија во Тетово која се наоѓа на влезот на градот гори, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. Огнот се шири кон силосите за жито на „Жито Полог“, а според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за неколку часа ќе се знае дали екипите на територијалната противпожарна единица ќе успеат да го изгаснат пожарот или ќе биде потребна помош. Во...

Беснее пожар на планината Ловќен, во опасност е мавзолејот на Његош

На планината Ловќен во Црна Гора, неколку дена беснее пожар, а од утринава ситуацијата е критична бидејќи огнената стихија се приближува кон мавзолејот на Петар Петровиќ- Његош, кој се наоѓа на врвот на планината, јавуваат црногорските медиуми. Во гаснењето на пожарот пристигнала и војската, како и хеликоптери и авиони на Министерството за внатрешни работи. Огнот е проширен на целата планина, а...

Пожарот кај манастирот „Трескавец“ повторно активен, соопшти ЦУК

Пожарот во близина на манастирот „Трескавец“ и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, повторно е активен, а на терен се екипи на прилепската територијална противпожарна единица и месното население кои се обидуваат да го локализираат огнот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК соопштуваат дека активен е и пожарот кај местото Фрлогоец на Бистра Планина, каде гори...

Доброволците уште 24 часа ќе се борат со пожарот кај Трескавец

Пожарот кој пред два дена започна да гори околу манастирот Трескавец сè уште е активен и се уште постои опасност да го зафати манастирскиот комплекс. Во борбата со огнот се вклучени прилепските пожарникари, но и голем број доброволци од Прилеп и од околината, од кои дел се вработени во неколку прилепски компании и јавни претпријатија, информира Општина Прилеп. Според противпожарната...

Активни пожарите во Чашка, Македонски Брод и во Маврово – Ростуше

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека во 12 часот се регистрирани активни пожари во општините Чашка, Македонски Брод и Маврово - Ростуше. Ангажирани се два авиона, хеликоптери, 40 лица преку ДЗС во координација со „Македонски шуми“, како и месно население. Во Чашка пожарот е кај селото Богомила, местото Бела Вода и во Урбанци, село Дреново. Пожарот е на терен...

Владата прогласи кризна состојба на териториите на Македонски Брод и на Чашка

Владата вечерва одржа седница за состојбата со пожарите и донесе одлука за прогласување на кризна состојба на подрачјата на општините Македонски Брод и Чашка, затоа што таму веќе неколку дена има активни пожари, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е и претседател на Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи. - Анализирајќи ги сите состојби, пред сè во...

Николовски: Пожарите се гаснат со стара нефункционална механизација

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше на теренот кој беше опожарен во с. Моране, Скопско. - Во овие моменти најважно е да се задржи присебноста и граѓаните да имаат доверба во институциите кои се на терен. Ангажирани се припадници на армијата, хеликоптерите на АРМ, дојдени се уште два хеликоптери на помош од Бугарија и од Турција. Имаме...

Се разгоруваат пожарите на многу места во земјава, изгореа четири куќи

Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата со шумските пожари е алармантна и на многу места во земјава пожарите се разгоруваат. Во селото Могилец целосно изгореле четири куќи, а една е делумно оштетена. Како што извести „ЕВН Македонија“, поради големите пожари во Богомила, Ореше, Папрадиште, како и планинарски дом Чеплес, сите корисници на општина Чашка ќе...

Сè уште гори кај Требовље, вчера избиле нови пожари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) претпладнево извести дека се активни повеќе пожари во земјава. Според пристигнатите информации до 8 часот, пожарот во атарот на селото Требовље во општина Македонски Брод сè уште е активен, но засега нема опасност за селото. Исто така, спречено е и напредувањето на пожарот кон селото Растеш. Пожарот што е активен во селото Здуње има...

Пожарот околу Македонски Брод сè уште е активен, евакуирани неколку жители на Растеш

Пожарот кај селото Требовље, во близина на Македонски Брод, сè уште е активен и го гаснат хеликоптери на Армијата на Македонија, два „канадери“ од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а на помош пристигнал и хеликоптер од Бугарија. Пожарот попладнево се доближил до Лутоец и до селото Растеш, поради што биле евакуирани возрасна жена и болно дете. Пожарот кај Требовље е активен две недели, а шумски...

ЦУК: Пожарот кај село Требовље сè уште е активен

Пожарот во атарот на село Требовље е сè уште активен кај местото Лутоец и покрај патот што води од селото Самоков, односно кај местото Дреноец, кој се протега низ борова шума од двете страни на патот. Жариштето е кај местото Јасикоец, кое се наоѓа во непосредна близина на патот и населеното место Растеш, соопштува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во моментов во...

АРМ учествува во гаснењето на пожарот, Владата апелира да не се шират дезинформации

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, вечерва во изјава за медиумите, од името на Владата апелира до граѓаните да не шират непотврдени информации во врска со пожарите кои се активни. Тој информираше дека двата хеликоптери на АРМ биле на располагање цело време и дека тие сè уште се ангажирани по барање на Дирекцијата за заштита и спасување и учествуваат во гаснење на...

Припадници на Армијата се вклучија во гаснење на пожарот кај Македонски Брод

Армијата на Република Македонија се вклучи во гаснење на пожарот во атарот на селото Требовље, општина Македонски Брод, каде беше зафатена шумска површина од околу 200 хектари, информираат од таму. „Два хеликоптери од воздухопловната бригада на АРМ почнаа со интервенција веднаш по барањето за вклучување во акцијата за гаснење и извршените потребни подготовки. Во текот на изминатите неколку часа пилотите на...

Ставен под контрола пожарот во Струшко

Пожарот што избувна вчера на потегот помеѓу селата Делогожда и Поум во Струга е ставен под контрола, извести МВР. Според информациите од терен, пожарот е локализиран и не претставува опасност за животот и за имотот на месното население. Од Противпожарната единица од Струга информираат дека до 14.20 часот пожарот бил гаснат со сите расположливи средства, а биле вклучени и авиони....

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто одби предлог за решавање на проблемот во Струга

Наместо да покажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто уште во 2013 година гласаше против предлогот на пратениците на СДСМ за трајно решавање на проблемот со струшката депонија, порача СДСМ во одговор на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата на власт беше обвинета за незаинтересираност и за неспособност за решавање на проблемот на стружани. „ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше овој,...

Депонијата во Струга изгасната

Пожарот во депонијата во Струга попладнево е конечно изгаснат. Екипите на теренот продолжуваат со работа за затрупување на целата депонија со земја, за да не се случи повторно да се запали некој помал дел. Работниците ноќеска работеле цела ноќ, при што еден работник изгубил свест поради труење од чадот.

Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции. В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец. Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи со авиони, доколку има...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...