fbpx

Пожарот кај Пехчевско е проширен на дијаметар од 15 километри, за гаснење стигнаа и екипи од Австрија

-

Пожарите во Малешевијата и понатаму остануваат активни, а најкритично е во Пехчевско, каде тамошниот пожар е во дијаметар од 15 километри и до овој момент опожарена е борова шума и нискостеблести растенија на површина од околу 800 хектари, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Пожарот го зафати маалото Балабанци во с.Нов Истевник, каде зафати и 3 куќи, а истиот брзо се шири и ја зафати и Курачка Маала каде досега изгореа 3 плевни. Поради големиот пожар регионалниот патен правец Делчево – Пехчево бил затворен за сообраќај. Со пожарот е зафатена површина од околу 900 Ха со борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот“, велат од Центарот за управување со кризи.

За гаснење на овој пожар, во моментов интервенираат околу 300 припадници на армијата, противпожарните екипи, вработени од шумското стопанство, граничната полиција, екипите од Бугарија и волонтери. Во гаснењето на пожарот ангажирани биле и 4 хеликоптери.

Овој пожар и понатаму брзо се шири во правец кон маалото Пасјак и кон селото Трабовиште и е префрлен на територијата на општина Пехчево.

„Екипа на ЕВН ја прекина испораката на електрична енергија на филтер станицата и бунарските системи поради што ќе има прекин во водоснабдувањето од бунарите со што значително ќе се намали протокот на вода во Делчево и повисоките делови од градот нема да имаат вода. Поради сериозната состојба со пожарите во околината на Делчево и потребата од континуиано снабдување на ППЕ со вода се апелира за рационално користење на водата. Поради тоа што има прекин на електричната енергија не се врши хлорирање на водата и истата не е исправна за пиење и може да се користи само како техничка вода.

На територијата на општина Пехчево, кај месноста Бајаз Тепе пожарот и понатаму  е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Поради силината на ветерот пожарот го префрли на регионалниот пат Берово – Делчево и се движи накај селото Црник. За гаснење на овој пожар се ангажирани речиси 270 лица.

„Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на негово локализирање. Пристигната е и Специјалната ПП екипа од Словенија со 17 возила и 45 луѓе и истата е распоредени во атарот на селата Црник и Негрево. Опожарен е и 1 објект за чување стока и колиба во с.Црник но на истата локација пожарот е ставен под контрола“, информираат од ЦУК.

Во однос на останатите делови од земјата, во општина Свети Николе, околу 16:15 часот избувнал пожар на Богословски рид, каде што горела сува трева и нискостеблеста шума а изгореле и неколку напуштени куќи. Во Струмичкиот регион, пожарот кај месноста Погана на теренот према селата Балинци и Брајковци, кој започна на ден 01.08.2021 година е локализиран. Тој е активен, но е под контрола на теренот спрема Богданци. Зафатена е површина од околу 1300 хектари нискостеблеста шума (даб, габер, прнар и јасен).

Во Скопскиот регион, моментално најсериозна ситуација има на пожарот во атарот на селата Раовиќ и Буковиќ. Истиот бил пријавен и од страна на Општина Желино како шумски пожар на високо непристапен терен во реонот на с.Рајовиќ на страната на општина Сарај и за истиот од нивна страна биле известени ШС Лешница – Тетово и ПС Групчин. Утврдено е вчера попладне дека на терен гори сува трева и ниска и мешана шума на поголема неутврдена површина, но поради ветерот пожарот продолжил да се шири кон Јасен. Утрово на терен се екипи од противпожарната бригада од Скопје, како и од шумското стопанство Караџица.

И во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет. Од селото Ракле евакуирани се 2 неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Во пожарот на потегот село Дрен – село Смолани (општина Прилеп) во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет.

Во Кумановскиот регион, во Оопштина Ранковце Кумановски регион, доставено е барање за употреба на хеликоптер и војска за гаснење на пожар на територијата кај селото Гулинци кое е отсечено од пат. Според барањето, пожарот претставува опасност да се прошири во останатите села како Пклиште, Отошница и Станча во општина Ранковце и Дренок, Осиче и Дејлповце од општина Старо Нагоричане кои исто така се отсечени од пристапни патишта од кај страната на општина Ранковце.

Пожари се евидентирани и во општина Кавадарци, како и во Полошкиот регион.

По помошта во голем број пожарникари и возила од Бугарија и Словенија, утрово пристигна и конвој персонал и возила од Австрија, во рамките на севкупната помош што ја доделува ЕУ за справување со пожарите.
Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот. Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.

Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...