fbpx

Технолошко-металуршкиот факултет со НАТО средства ќе создаде униформа што препознава нервен гас

-

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и професорот на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ Игор Јорданов денеска информираа за одлична вест за нашата одбрана, економија и наука. Имено, НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ одлучи да го поддржи проектот за развивање на нова повеќефункционална високотехнолошка војничка униформа со специјални својства за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

Како резултат на проектот, треба да биде создадена и комфорна повеќефункционална војничка униформа која што ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и од УВ зрачење и со промена на својата боја ќе детектира нервни гасови.

Министерката Шекеринска истакна дека со овој проект покажуваме дека нашиот придонес во Алијансата не е само воен, туку и научен.

„Денеска покажуваме дека нашата земја не придонесува само воено во НАТО, туку дека можеме да придонесуваме и како иноватори и како луѓе од науката и да покажеме дека државата има што да понуди и на овој план. Иновираме и поддржуваме иновации коишто ќе значат и подобра Армија и коишто ќе значат посилна Алијанса“, рече министерката.

Шекеринска порача дека ова е шанса и за младите иноватори и научници, но и шанса за нашата економија и додаде дека и Министерството и Владата секогаш ќе поддржат проект кој е добар за државата.

„Со средствата од НАТО проектот ќе можеме да ангажираме дополнителни млади кадри, ќе можеме да ангажираме и постоечки научници и да ѝ дадеме шанса и на Армијата да има добри продукти, но и на македонската економија да има нови шанси за заработка. Сево ова се надевам дека ќе биде добра порака до нашата академска заедница, да бидат иницијативни и да знаат дека ќе ја добијат секогаш поддршката на државата, на Владата и на Министерството за одбрана“, рече министерката.

Професорот Јорданов порача дека во рамки на проектот кој заеднички го реализираат со Технолошко-металуршкиот факултет од Србија и Универзитетот А&М Тексас од САД, шанса за развој во областа на нано-премазите ќе имаат и млади научници од нашата земја, а скопскиот факултет ќе добие Лабораторија за напредни материјали.

„За време на овој проект најмалку двајца млади истражувачи од Република Северна Македонија ќе се едуцираат во областа на нано-премазите и во областа на депонирање на нано честички. Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе добие Лабораторија за напредни материјали во вредност од околу 90.000 евра, која што ќе биде една од малкуте кои што ги има во Југоисточна Европа“, рече професорот и дополни дека со заедничката работа на тимовите ќе се создаде технологија која што ќе биде многу битна за нашата земја и за останатата научна заедница.

Шекеринска и Јорданов ги охрабрија иноваторите и научниците да бидат активни и да аплицираат со свои проекти на повиците на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...