fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Истражување: Преку ветровите микропластиката во воздухот се шири на илјадници километри

Неадекватното управување со отпадот во делови од светот, вклучувајќи ја и Македонија, предизвикува ширење на опасни отпадни материи преку ветерот на големи растојанија што се наоѓаат далеку од локациите на расфрланото ѓубре. Научниците од Националниот истражувачки институт ЦНРС открија присуство на микропластика што потекнува од Африка и Северна Америка во воздухот на Пиринејските планини, и тоа на надморска височина од...

Воведен бесплатен јавен превоз и серија мерки поради аерозагадувањето во Скопје

Градот Скопје, поради аерозагадувањето, денеска воведе серија мерки за граѓаните, што ќе бидат на сила додека аерозагадувањето со ПМ-10 честички не се намали под 100 микрограми на кубен метар. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и приватните превозници, зајакнат инспекциски надзор, ограничување на градежните активности на објектите под надлежност на Град Скопје и интензивна контрола на градилиштата се само...

Надминат е прагот за алармирање од ПМ-10 честички во воздухот во Скопје и Струмица

Граѓаните дишат енормно загаден воздух изминативе денови, а институциите и политичките партии си ја префрлаат меѓусебно вината за аерозагадувањето во Скопје, но и во останаттие градови. Од Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево информираа дека е надминат прагот на алармирање за суспендирани ПМ-10 честички во воздухот, поради тоа што во текот на два последователни дена е надмината вредноста...

Наместо печки на дрва, сончевите колектори се спас од аерозагадувањето и за поевтина струја

Меѓународната енергетска криза, која што влијаеше на енормно зголемување на цените на електричната и топлинската енергија, го вклучи „црвениот аларм“ кај граѓаните во земјава. Прашањата за висината на сметките за струја од 1 јануари 2022 година, пропратени со шпекулациите дека ќе има рестрикции на електрична енергија, ги стимулираа граѓаните есенва да се пренасочат кон набавка на печки на дрва,...

ЕБОР за БРТ-то во Скопје: Проектите се предмет на многу детална проверка пред да ги одобриме

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) презема многу сериозна одговорност во однос на транспарентноста на проектите кои ги поддржува, како и за информирање на јавноста, се вели во одговорот од ЕБОР до Мета.мк на прашања за реализацијата на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ во Скопје на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Новата градоначалничка на...

Чаир, Бутел и Шуто Оризари немаат станица што ќе го мери квалитетот на воздухот

Општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари, кои го сочинуваат целиот северен дел на главниот град, немаат ниту една мониторинг станица што ќе го мери квалитетот на воздухот на овие локации. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ), управуван од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се состои од 18 фиксни мониторинг станици низ...

ЗНМ ги додели наградите на тема „Справување со загадувањето на воздухот“

Здружението на новинарите на Македонија денес ги додели наградите за најдобри новинарски содржини изработени на темата „Справување со загадувањето на воздухот -зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“. Првата награда припадна на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за истражувањето „Заговор против воздухот“ или како Македонија остана последната европска депонија“ во првата епизода од серијалот на редакцијата поради предизвиканата гледаност...

Без повеќе мерни станици нема ефикасни мерки против загадувањето на воздухот

Да се зголеми бројот на мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот кои ќе помогнат да се лоцираат загадувачите, апелираат граѓанските активисти во очи на сезоната на високи вредности на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички. Квалитетот на воздухот што го дишиме може да се подобри ако се направи хипер-мрежа на мерни места, кои ќе ни дадат точни...

Заврши гасификацијата на Општата болница во Куманово

Проектот за гасификација на Општата болница во Куманово е завршен, со што оваа здравствена установа целосно ќе се загрева на природен гас, најави министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук страница. „За неполни две години оваа е втора гасификација на јавна здравствена установа. Во септември лани ја завршивме гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во...

Градот Скопје молчи за развојот на топловодната мрежа, Регулаторна со свој предлог

Новата градска администрација речиси еден месец не одговара на прашањата поставени од Мета.мк во однос на идниот развој на топловодната мрежа во Скопје. Владата во јули 2019 година ја донесе одлуката на Град Скопје да му ја даде на трајно користење топловодната мрежа, со која требаше да управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски...

Лисиче е најопасно место за живеење во Скопје според загадувањето на воздухот [инфографик]

Нивото на загадување на воздухот во Скопје во текот на октомври и ноември годинава било помало во споредба со истиот период од 2020 година. Кај ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките актуелната есен се забележува тренд на нивно намалување, додека јаглерод моноксидот и азотниот двооксид се во рамките на дозволените вредности. Опсегот на мерење на квалитетот на воздухот во...

Вистиномер: Тетовци никако да ги наполнат градите со чист воздух, градот под Шара најзагаден во свет

Локалните власти во Тетово, од она што се гледа на терен, немаат спроведено активности за намалување на аерозагадувањето. Погрешните политки со дозволи за градби, индиферентниот однос кон узурпаторите, дивите депонии, придонесоа Тетово да биде број еден загаден град во светот. Сегашната локална власт, пак, во својата предизборна програма вети дека ќе се залага за обновливи извори на енергија, фабрика за...

Балканските екологисти бараат затворање на термоелектраните на јаглен на Балканот

Што поскоро да се затворат термоелектраните на јаглен во регионот, а граѓаните да учествуваат во одлучувањето е фокусот на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“, која ќе се одржи втора година по ред. Целта на кампањата која почнува од 20 декември, е да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од аерозагадувањето, можните начини за...

Повеќе од половина од домаќинствата кои се греат на дрва не се подготвени да ги сменат старите печки

Повеќе од половина од семејствата кои се греат со печки на дрва во земјава не се подготвени да го сменат начинот на затоплување на домот, покажува истражувањето презентирано на втората национална работилница на проектот „Партнерство за попаметно греење“ во организација на Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко свест“. Во текот на проектот беа спроведени регионални истражувања...

Порталб: Тетово меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, проблемот останува нерешен

Во Северна Македонија, со доаѓањето на есента и со почетокот на грејната сезона доаѓа и проблемот со загадувањето на воздухот. Тетово и понатаму останува на светските топ листи за најзагаден воздух на глобално ниво. Нивоата на штетни честички на загадениот воздух кои ги надминуваат дозволените вредности во последниот период се зголемуваат. Овој проблем со години ги мачи тетовчани, но...

Наместо во ветерот и дождот, спас за аерозагадувањето да се гледа во формирање на Фонд за животна средина

Почна сезоната на опасно живеење во македонските градови поради високото ниво на загадување на воздухот. Во доцните попладневни и вечерните часови, воздухот во Скопје и низ другите населени места го менува мирисот, додека мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање и апликацијата Мој воздух веќе почнаа да алармираат за денови со високо ниво на загадување од...

ЗНМ и УНДП распишаа конкурс за најдобри новинарски стории на тема справување со аерозагадувањето

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) распиша Јавен повик на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“. На повикот, за наградите во износ од 70.000, 50.000 и 30.000 денари може да конкурираат новинари што имаат објавено новинарски текстови, видео стории или...

Љубљана за Форбс е најзелениот европски град, 70 отсто од отпадот се селектира и има бесплатни велосипеди

Списанието Форбс направи рангирање на 20-те европски градови кои се најдобри зелени престолнини за 2022 година. Како и во изминатиов период, словенечкиот главен град Љубљана се наоѓа на врвот од оваа европска листа, поради серија на позитивни зафати кои придонесуваат за зачувување на животната средина. Иако е еден од најмалите европски престолнини, Љубљана има над 200 километри велосипедски патеки, кои...

ЕУ бара да се вложат повеќе средства во борба против загадувањето на воздухот

Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на земјава за 2021 година јасно потенцира дека Северна Македонија треба да ги зголеми финансиите што се одвојуваат на национално и локално ниво за намалување на загадувањето на воздухот. „Ограниченото спроведување и ресурсите, слабата меѓусекторска соработка и координацијата помеѓу централните и локалните власти го ограничуваат влијанието на мерките за намалување на аерозагадувањето....

Ковидот лани ја намали потрошувачката на дизел кај возилата, потребата од мерки против нечистиот воздух останува [инфографик]

Заедно со заладувањето на времето и порастот на деновите со загаден воздух во македонските градови, повторно се отвора прашањето за изворите на емисии на штетни гасови кои го создаваат овој проблем. И најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека патниот сообраќај е најголем консумент на нафтените деривати во земјава, особено на дизелот, при што само за деценија...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...