недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: аерозагадување | 429 резултати

Ни Институтот за јавно здравје не ги испитувал штетите од палењето на депонијата во Шутка

март 6, 2019

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) до вчера не презел мерки за испитување на штетите од загадувањето на воздухот и животната средина по палењето на депонијата во Шуто Оризари неколку пати во изминативе седници, известува „Порталб“. – Не, досега немаме реализирано никаква активност за тестирање нешто во тој регион  – вели професорот Драган Ѓорѓев од ИЈЗ. […]

Град Скопје почна со постапката за субвенции за инвертер – клима уреди

март 1, 2019

Град Скопје денеска објави јавен повик за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди. Субвенции може да се доделат само за инвертери купени од 1 јануари до 30 ноември годинава, или пак до потрошувањето на предвидените пари за субвенции. Доделувањето на парите ќе се врши по принципот „Прв дојден – прв услужен“. […]

Еколошките налепници за старите возила заглавија поради уставните измени (видео)

февруари 13, 2019

Поради целата постапка со донесувањето на уставните измени во Собранието, во заден план беше турнат Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за возила, кој предвидува неколку промени, меѓу кои и еколошка категоризација на возилата. Од Министерството за економија, предлагачот на законот за „Мета“ одговорија дека се очекува наскоро повторно да влезе во собраниска процедура, […]

Скопје денеска најзагаден град во светот

јануари 28, 2019

Сервисот „Ер Вижуал“ кој постојано ја следи состојбата на загадувањето на воздухот во големите градови во светот претпладнево го стави Скопје на врвот на светската листа, со индекс од 217 според AQI. По Скопје е Дака, Бангладеш, со индекс 189, па Чонгќинг во Кина со иста вредност. Подолу, со индекс 186 е Вухан, Кина, па […]

Владата ја донесе програмата за намалување на аерозагадувањето

јануари 23, 2019

На својата редовна седница вчера, Владата ја усвоила Програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година. Таа се заснова на четири компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и воспоставување […]

Повторно ќе се делат субвенции за печки на пелети во Скопје

јануари 21, 2019

Градот Скопје денеска објави нов јавен повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Вакви повици за субвенции имаше неколку во последните неколку години. Ваквиот потег е со цел да се стимулираат граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување, за да […]

Поради загадувањето, распустот продолжен до утре

јануари 21, 2019

Поради зголеменото загадување на воздухот, зимскиот распуст на сите ученици од државните и приватните основни и средни училишта е продолжен до утре, соопшти заменик-министерот за образование Петар Атанасов. Првиот работен ден во второто полугодие ќе биде среда. Одлуката е донесена од Министерството за образование и наука во координација со Министерството за животна средина и просторно […]

Владата одвои 1,59 милиони евра за животна средина и борба против аерозагадувањето

јануари 9, 2019

На својата вчерашна 114. седница, Владата ја усвоила  предлог-програмата за инвестирање во животната средина за 2019 година. „Покрај програмата за инвестиции од 130,8 милијарди денари, за оваа програма обезбедени се 98 милиони денари (1,59 милиони евра). Дел ќе се наменат за поддршка на мерки и активности за намалување на загадување на воздухот со спроведување на […]

Како Софија се бори со загадувањето: Данокот за возила ќе се плаќа според еко-стандардите

декември 14, 2018

Софија вчера го пушти во употреба онлајн-калкулаторот со кој сите жители-сопственици на возила ќе може да пресметаат колкав годишен данок ќе платат за своето возило врз основа на новововедената законска одредба за еко-стандардот. Бугарскиот парламент на 7 ноември годинава ги донесе долгонајавуваните измени, со кои воведе повисок данок за старите автомобили и камионети со вкупна […]

Старите возила загадуваат „со петта брзина“, власта мора итно да крене рачна (видео)

декември 12, 2018

Користените возила донесени од странство од либерализацијата на нивниот увоз во март 2010 година ја преплавија Македонија, драстично го зголемија вкупниот број возила, а поради тоа што главно се увезуваа дизел автомобили, од пет наспрема еден претходно во корист на бензинските мотори, сега ситуацијата кај автомобилите е донесена во сооднос еден спрема еден. Тоа носи […]

Скопје не постави свој мерач на аерозагадувањето, иако му беше обврска за 2018

декември 11, 2018

Град Скопје ја завршува годината без поставен мерач на загадување на амбиенталниот воздух во градот, иако тоа беше второ на листата на приоритетни зафати од Годишна програма за активности од областа на животната средина на градот, а од буџетот се издвоени еден милион денари за негово поставување. Во делот на програмата наречен „Заштита на амбиентниот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не даде ниту денар за подобар квалитет на воздухот

декември 11, 2018

СДСМ потроши седум милијарди евра, пари на граѓаните, без да вложи денар за намалување на аерозагадувањето, а сега безобразно и без срам бара донации од бизнисмените за борба против загадувањето на воздухот, порачува ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ нема план како да ја извади државата од црнилото во кое ја потона. Скопје со денови е најзагаден град во […]

„О2“: Од Макрадули чекаме точни анализи и статистики, а не брза пропаганда

декември 5, 2018

Каква е оваа статистика, кога од неа се исклучени станиците кои покажуваат историски највисоки вредности, најголема загаденост со ПМ10, Лисиче и Гази Баба?, го прашуваат екологистите од Иницијативата „О2“ заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули. Тој завчера излезе во јавност со делумни податоци од мерните станици во државата, кои покажуваат тренд на намалување на […]

Град Скопје продолжува со доделувањето субвенции за чистење оџаци

декември 3, 2018

Град Скопје го продолжува  доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот. Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции […]

Д-р Андоновски за загадувањето: Шетајте по планини, вежбајте и јакнете го имунитетот

ноември 30, 2018

Аерозагадувањето е проблем број еден во моментов – граѓаните секојдневно реагираат на социјалните мрежи, укажуваат на големото присуство на ПМ 10 честичките и постојано бараат начини како да се заштитат од отровите што ги дишат. Д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања „Козле“, каде во моментов лежат 70 деца со респираторни заболувања, препорачува […]

Тетовските средношколци протестираа против загадувањето на воздухот

ноември 29, 2018

Група тетовски средношколци денеска го изразија незадоволството од состојбата со аерозагаувањето во градот со мирен протест на градскиот плоштад, од каде се упатија до Општина Тетово. Велат дека локалната власт не презема никакви мерки за подобрување на состојбата и ако продолжи така, ќе почнат со бојкот на наставата. -Надлежните за седум дена да преземат конкретни […]

Ќе се исфрла нафтата за греење во две училишта во Ѓорче Петров

ноември 28, 2018

Во основните училишта „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ и „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров наскоро ќе се исфрли нафтата како енергенс во училишните системи за затоплување и ќе се замени со поеколошки горива, најавија заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Макрадули појасни дека пренамената ќе се […]

Шилегов: Сега ми се потсмеваат, но „зелените“ мерки ќе донесат резултати

ноември 27, 2018

Свесен сум дека сум предмет на потсмев поради поднесената кандидатура на Скопје за Европска зелена престолнина, но уверен сум дека мерките кои ги предвидовме и на кои посветено ќе работиме, ќе донесат резултати. Самото прифаќање на кандидатурата на Град Скопје, која ја ветив во мојата изборна програма, е признание дека нашата стратегија е добра, порача […]

Стартуваше вториот јавен повик за субвенционирање печки на пелети

ноември 26, 2018

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција соопшти дека од денеска стартува вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата  ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут. Парите, седум милиони денари (речиси 114.000 евра), се обезбедени со ребалансот на државниот […]

Предлог-законот за еколошките налепници утре на прво читање во Собранието

ноември 20, 2018

На 106-та седница, Законодавно-правната комисија на Собранието утре ќе го претресе во прво читање најновиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, со кој се воведуваат неколку новини како дел од посеопфатните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, од кои најзначајната е еколошката категоризација на возилата („налепници“) и забрана за […]

Страна 20 од 22