fbpx

Институт за јавно здравје апелира што пократко да се престојува на отворено

-

„Мерките што се преземаат за намалување на загадувањето на воздухот се насочени кон последиците, а не кон причините. Сè додека не се насочиме на преземање мерки за причината, ситуацијата нема значително да се промени“, вели Драган Ѓорѓев од Институт за јавно здравје.

– Аерозагадувањето не се намалува на кратки патеки. За состојбата да се промени, треба да се прават мерки на долг рок, но и надвор од сезона, а не само кога загадувањето е алармантно – вели Ѓорѓев.

Од Институт за јавно здравје велат дека навлегуваме во фаза кога треба да се преземат алармантни активности. Следната недела, интерсекторската група составена од претставници на Министерството за животна средина, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, еколошкиот и здравствениот инспекторат, Институтот за јавно здравје, Град Скопје и преставници на владата, ќе има состанок на кој надлежните ќе разговараат за преземање алармантни мерки, меѓу кои можеби ќе биде и затворање на училиштата.

– Апелираме што пократко да се престојува на отворен простор. Физичките активности на отворено да се избегнуваат, исто како и професионалните активности што се вршат на отворен простор. Предлагаме градежните работници да носат маски за заштита – додава Ѓорѓев.

Ѓорѓев вели дека како последица од аерозагадувањето, годишно во Македонија умираат околу 1.050 луѓе, дека во тој период се зголемуваат белодробните заболувања за 30 до 40 отсто, а тоа годишно ја чини државата 250 милиони евра или околу три отсто од домашниот бруто-производ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...