fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Како Софија се бори со загадувањето: Данокот за возила ќе се плаќа според еко-стандардите

Софија вчера го пушти во употреба онлајн-калкулаторот со кој сите жители-сопственици на возила ќе може да пресметаат колкав годишен данок ќе платат за своето возило врз основа на новововедената законска одредба за еко-стандардот. Бугарскиот парламент на 7 ноември годинава ги донесе долгонајавуваните измени, со кои воведе повисок данок за старите автомобили и камионети со вкупна тежина до три и пол...

Старите возила загадуваат „со петта брзина“, власта мора итно да крене рачна (видео)

video
Користените возила донесени од странство од либерализацијата на нивниот увоз во март 2010 година ја преплавија Македонија, драстично го зголемија вкупниот број возила, а поради тоа што главно се увезуваа дизел автомобили, од пет наспрема еден претходно во корист на бензинските мотори, сега ситуацијата кај автомобилите е донесена во сооднос еден спрема еден. Тоа носи бројни ризици за состојбата...

Скопје не постави свој мерач на аерозагадувањето, иако му беше обврска за 2018

Град Скопје ја завршува годината без поставен мерач на загадување на амбиенталниот воздух во градот, иако тоа беше второ на листата на приоритетни зафати од Годишна програма за активности од областа на животната средина на градот, а од буџетот се издвоени еден милион денари за негово поставување. Во делот на програмата наречен „Заштита на амбиентниот воздух“ стои, меѓу другото, дека...

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не даде ниту денар за подобар квалитет на воздухот

СДСМ потроши седум милијарди евра, пари на граѓаните, без да вложи денар за намалување на аерозагадувањето, а сега безобразно и без срам бара донации од бизнисмените за борба против загадувањето на воздухот, порачува ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ нема план како да ја извади државата од црнилото во кое ја потона. Скопје со денови е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени...

„О2“: Од Макрадули чекаме точни анализи и статистики, а не брза пропаганда

Каква е оваа статистика, кога од неа се исклучени станиците кои покажуваат историски највисоки вредности, најголема загаденост со ПМ10, Лисиче и Гази Баба?, го прашуваат екологистите од Иницијативата „О2“ заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули. Тој завчера излезе во јавност со делумни податоци од мерните станици во државата, кои покажуваат тренд на намалување на загадувањето на воздухот во некои...

Град Скопје продолжува со доделувањето субвенции за чистење оџаци

Град Скопје го продолжува  доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот. Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички...

Д-р Андоновски за загадувањето: Шетајте по планини, вежбајте и јакнете го имунитетот

Аерозагадувањето е проблем број еден во моментов - граѓаните секојдневно реагираат на социјалните мрежи, укажуваат на големото присуство на ПМ 10 честичките и постојано бараат начини како да се заштитат од отровите што ги дишат. Д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања „Козле“, каде во моментов лежат 70 деца со респираторни заболувања, препорачува во вакви ситуации родителите...

Тетовските средношколци протестираа против загадувањето на воздухот

Група тетовски средношколци денеска го изразија незадоволството од состојбата со аерозагаувањето во градот со мирен протест на градскиот плоштад, од каде се упатија до Општина Тетово. Велат дека локалната власт не презема никакви мерки за подобрување на состојбата и ако продолжи така, ќе почнат со бојкот на наставата. -Надлежните за седум дена да преземат конкретни мерки или ќе почнеме со...

Ќе се исфрла нафтата за греење во две училишта во Ѓорче Петров

Во основните училишта „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ и „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров наскоро ќе се исфрли нафтата како енергенс во училишните системи за затоплување и ќе се замени со поеколошки горива, најавија заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Макрадули појасни дека пренамената ќе се направи следната година. - Во рамките...

Шилегов: Сега ми се потсмеваат, но „зелените“ мерки ќе донесат резултати

Свесен сум дека сум предмет на потсмев поради поднесената кандидатура на Скопје за Европска зелена престолнина, но уверен сум дека мерките кои ги предвидовме и на кои посветено ќе работиме, ќе донесат резултати. Самото прифаќање на кандидатурата на Град Скопје, која ја ветив во мојата изборна програма, е признание дека нашата стратегија е добра, порача градоначалникот на Скопје, Петре...

Стартуваше вториот јавен повик за субвенционирање печки на пелети

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција соопшти дека од денеска стартува вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата  ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут. Парите, седум милиони денари (речиси 114.000 евра), се обезбедени со ребалансот на државниот буџет. - Со ова ќе придонесеме...

Предлог-законот за еколошките налепници утре на прво читање во Собранието

На 106-та седница, Законодавно-правната комисија на Собранието утре ќе го претресе во прво читање најновиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, со кој се воведуваат неколку новини како дел од посеопфатните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, од кои најзначајната е еколошката категоризација на возилата („налепници“) и забрана за нивно движење при зголемено...

ЛП: Налепниците нема да го решат проблемот со загадувањето

Либералната партија (ЛП) смета дека со воведувањето на црвена, жолта и зелена еколошка налепница за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето. „Ќе се удри по најсиромашниот слој граѓани кои својата последна заштеда ја искористиле за купување на сопствено возило, кое во 21 век претставува потреба, а не луксуз. Загадувањето прикажано на мерните станици покажува најголеми бројки на загадување...

O2: Справувањето со загадувањето да се вклучи во буџетот – или оставка!

Во предлог-буџетот за следната година во ниту едно место не се споменува заштитата на животната средина и намалување на загадувањето. Тоа потврдува дека овој проблем е небитен за Владата, порача Иницијативата О2. „Комплетниот дебакл што оваа Влада го доживеа во однос на справување со загадувањето и заштита на природата, овој предлог-буџет само го констатира. После година и пол од формирање,...

„Еко-свест“ покрена петиција за мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ по најновите извештаи за загадувањето на воздухот во Скопје, покрена онлајн-петиција со која од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Град Скопје се бараат итни чекори за борба против причините за загадување на скопскиот воздух. #СкопјеДише отрови, а сака #ЧистВоздух! - Потпиши се денес! Имаме 10 лесно применливи...

Семафори на копче кои ќе ги палат/гасат пешаците за да се намали загадувањето

Кога наместо автоматските, наместени на одреден временски период, би се вовеле семафори на кои пешаците ќе може да вклучат зелено светло по потреба, би имало најмалку 6.000 непотребни запирања помалку секој ден, велат проф. д-р Кирил Сотировски и Бошко Цветковски од Шумарскиот факултет. Според проценките, секој ден во Скопје непотребно согоруваат најмалку по 100 литри гориво и непотребно се  испуштаат...

Град Скопје ветува дека ќе ја забрза постапката за снабдување еколошки автобуси

Старите автобуси кои циркулираат повеќе од 30 години во Скопје спаѓаат меѓу најголемите загадувачи во градот. Со години граѓаните бараат нивна замена, додека Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и градот Скопје пред шест месеци ветија дека истите ќе бидат отстранети од употреба. Според информациите што ги обезбеди „Порталб“, ЈСП ја започна финалната фаза на снабдување 40 еко-автобуси кои директорот на...

ДИЖС: Печката за медицински отпад во „Дрисла“ не загадува

Печката за согорување на медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ не испушта загадувачки материи во воздухот повеќе од дозволеното, соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Од таму велат дека од депонијата ангажирале акредитирана лабораторија која на 31 мај и 20 јуни мерела колкаво е загадувањето од таа печка, а резултатите добиени на 6 јуни и 4 јули покажале дека...

Заев: Важните одлуки за животната средина ќе ги носиме заедно со екологистите

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со екологистите од невладината организација „Еко-свест“, со кои разговарал за потребата од подобрување на пристапот до информации, како и за можностите за поголемо учество на јавноста, особено на стручната, при носењето одлуки што се однесуваат на животната средина. Заев изразил подготвеност Владата да го поддржи активизмот за да се најдат најдобри решенија за проблемите што се однесуваат...

Скопје и Тетово се загадени поради големиот и брз урбан развој без еколошки стандарди

Аерозагадувањето во Скопје и во Тетово е резултат на нивниот голем и брз урбан развој, кој се одвива без да се запазат основните урбанистички и сообраќајни стандарди. Ова е ставот на дел од учесниците на Меѓународната конференција на применети науки, која се одржа на Државниот универзитет - Тетово. Професорот Вулнет Палоши смета дека градот треба да се развива на основа...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...