Стартуваше вториот јавен повик за субвенционирање печки на пелети

-

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција соопшти дека од денеска стартува вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата  ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут.

Парите, седум милиони денари (речиси 114.000 евра), се обезбедени со ребалансот на државниот буџет.

– Со ова ќе придонесеме за подигање на јавната свест, за заштеди на енергијата која е скап ресурс и за заштита на животната средина, чија загаденост во есенско-зимската сезона во последниве години создава големи потешкотии. Оваа мерка е и во согласност со владиниот План за чист воздух – рече Бектеши.

Право на учество на овој оглас имаат купувачите кои имаат купено печки на пелети во своите домови во периодот од 1 септември до 12 декември 2018 година и кои ќе поднесат барање за искористување на правото на надоместок.  Министерството за економија на оние кои ќе ги исполнат условите од огласот ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 50 отсто, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност, сѐ до искористување на предвидените средства.

Услов е купувачите досега да не користеле средства од државниот буџет за купување печки на пелети во својот дом.

Според проекциите на Министерството за економија, доколку сите апликанти што ќе ги исполнат условите добијат максимален износ на субвенцијата, со оваа мерка ќе се субвенционираат околу 220-230 домаќинства.
Во првиот јавен повик субвенции добиле 453 домаќинства.

Бектеши посочи дека средства за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност се предвидени и во новиот буџет за 2019 година, а со новата програма на мерки треба да се стартува во почетокот на идната година.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...