fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не даде ниту денар за подобар квалитет на воздухот

-

СДСМ потроши седум милијарди евра, пари на граѓаните, без да вложи денар за намалување на аерозагадувањето, а сега безобразно и без срам бара донации од бизнисмените за борба против загадувањето на воздухот, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ нема план како да ја извади државата од црнилото во кое ја потона. Скопје со денови е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот. Во европскиот врв на најзагадени градови се и Битола и Тетово, ништо почист не е воздухот ниту во Струмица, Кочани и Тетово. Едноставно кажано Македонија се гуши, а власта не презема ништо, ниту денар од 7 милијарди евра буџет од две последователни години не е инвестиран во подобрување на квалитетот на воздухот, па сега наместо мерки и проекти, власта бара донации од бизнисмените, кои веќе еднаш дале пари во буџетот преку даноците, пари од кои дел требало да завршат и за подобрување на квалитетот на воздухот“, порачува најголемата опозициска партија.
ВМРО-ДПМНЕ предлага четири мерки за подобрување на состојбата со амбиенталниот воздух.

„1. Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз додека трае загадувањето.
2. Инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле.
3. Да се чистат сите диви депонии, особено да се инспектираат секојдневно оние локации каде што се пали отпадот со намера и да се изречат казнени мерки.
4. Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето“, се вели во соопштението од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...