fbpx

Град Скопје ветува дека ќе ја забрза постапката за снабдување еколошки автобуси

-

Старите автобуси кои циркулираат повеќе од 30 години во Скопје спаѓаат меѓу најголемите загадувачи во градот. Со години граѓаните бараат нивна замена, додека Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и градот Скопје пред шест месеци ветија дека истите ќе бидат отстранети од употреба. Според информациите што ги обезбеди „Порталб“, ЈСП ја започна финалната фаза на снабдување 40 еко-автобуси кои директорот на претпријатието Кристијан Чушков ги најави пред шест месеци.

Портпаролката на ЈСП, Деспина Трајковска Димова вели дека процесот за набавка на 40 еко-автобуси со гас е во завршна фаза, поточно се чека одлука на меѓународната кредитна институција за кредитот со кој ќе се реализира набавката. Таа исто така известува дека веднаш по пуштањето на еко-автобусите во сообраќај ќе се отстранат од сообраќај старите градски автобуси.

-Процесот на набавка на нови автобуси е во тек, имено постапката е во завршна фаза за задолжување на ЈСП Скопје, кај меѓународната кредитна институција. Оваа институција ќе потпише тендер за набавка на нови автобуси. По завршувањето на тендерот, земајќи ја во предвид најповолната понуда, ќе се утврди точно колку возила, по која цена, и од која компанија и од која земја ќе ја спроведе набавката. По набавка на нови автобуси очекуваме постарите возила, коишто привремено сме принудени да ги пуштиме во сообраќај, конечно ќе бидат отстранети од редовните линии – изјави Трајковска Димова.

Градот Скопје цени дека замената на старите урбани автобуси со еко-автобуси ќе му помогне на градот да го избегне проблемот со загадувањето на воздухот. Оттаму велат дека ќе ја забрзаат тендерската постапка, со цел градот да има еколошки јавен превоз.

-Ние работиме да што побрзо ги завршиме овие постапки, бидејќи е во интерес на градот и неговите граѓани да имаат еколошки јавен превоз. Стари автобуси секако ќе се заменат со нови еко-автобуси затоа што знаеме колку ја загадуваат животната средина и со нивно отстранување ќе го решиме проблемот со загадениот воздух во градот – изјави портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху.

Еколошките автобуси трошат двојно помалку гориво бидејќи работат со природен гас, а освен ова и испуштаат така произведуваат помалку штетни честички по здравјето на човекот ПМ10.

Овој проект беше ветен пред шест месеци од градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и директорот на ЈСП, Кристијан Чушков.

Со набавката на 40 еко-автобуси ќе биде исполнето едно од барањата на граѓаните за еколошки транспорт и животна средина во земјата, а во случај на неуспех граѓаните ќе треба да бараат одговорност од градот Скопје и ЈСП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...