fbpx

Mал број мерки за намалување на аерозагадувањето во Тетово

-

Локалната власт спроведува мал број мерки за намалување на аерозагадувањето во Тетово, заклучија учесниците на денешната трибина „Здравата животна средина – основно човеково право“.

Засега, според еколошките здруженија, во функција е само повкувачкиот центар за пријавување загадување на животната средина, а делумно се спроведува и еко-рапортот. Но, за жал, Општината нема преземено мерки против големите загадувачи, како што е дивата депонија.

– Локалната власт сè уште само ветува дека ќе го реши проблемот со дивата депонија, каде се претовара комуналниот отпад, но од ветеното ништо не е реализирано. Таму секојдневно се истовараат илјадници тони отпад кои повремено се палат, загадувајќи ја животната средина. Голем проблем е што во градот нема јавен превоз, со тоа се зголемува употребата на возилата, кои се големи загадувачи на воздухот – изјави Аријанит Џафери, претседател на здружението „Еко герила“.

Од Општината велат дека работат на мерките за намалување на аерозагадувањето. Се очекува наредната година да се воведе јавен превоз, а се работи и на дислокација на дивата депонија.

Според властите, инспекциските служби изрекуваат казни за фирмите што не работат според еколошките стандарди.

Дел од учеснциите на трибината сметаат дека треба да се поработи на зголемување на јавната еколошка свест на населението, а институциите на врвот на агендите да ги стават проблемите поврзани со животната средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...