fbpx

На СОС-линијата на Општина Тетово, 111 пријави за аерозагадување

-

На телефонската СОС-линија на Општина Тетово, која беше воведена минатиот месец, досега има пријавено 111 случаи на аерозагадување.

За поголем дел од случаите, тетовскиот инспекторат не постапил затоа што пријавите се однесуваат за територија надвор од Општина Тетово.

Педесетина пријави се за Општина Боговиње, а 40 случаи се однесуваат на Јегуновце.

За шест случаи од останатите дваесетина пријави, формирани се предмети и по сите нив инспекторите излегле на терен.

Кај два субјекти изречена е глоба од 2.000 евра бидејќи е утврден посериозен прекршок. Кај други два субјекти, се утврдени полесни прекршоци и издадени им се решенија во рок од 30 дена, да ги остранат недостатоците.
Дождот и ветерот, кои се поволни временски услови за намалување на концетрацијата на штетни ПМ10-честички во воздухот, не помогнаа да се намали аерозагадувањето.

Во неделата беа измерени 600 микрограми ПМ10-честички во воздухот, што е за 12 пати повеќе од дозволената вредност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...