fbpx

Последна опомена за Владата од средношколците

-

Средношколците денеска вторпат се собраа на протестен марш против лошите реформи во образованието. Тие со извиците „Последна опомена“, „Доста беше молк“, „Не за математика“ го почнаа маршот пред Собранието, па се упатија кон Владата и кон Министерството за образование и наука, каде на функционерите им покажаа жолт картон. Барањата на „Средношколски пленум“ се враќање на стариот концепт на полагање на државна матура, да се стави во мирување екстерното тестирање и електронското полагање на државната матура да се укине.

– Бевме сведоци вчера на средба на една неактивна организација на средношколците, а тоа е Средношколската унија, која договори барања какви што таа сака. Ние не се согласуваме со нивните барања и нашите барања не се задоволени во целост. Ние побаравме средба со министерот за образование и четири дена по ред, дење и ноќе, ѕвоневме во МОН за да договориме средба. Не бевме повикани и никој не одговори на нашето барање за средба. Тие си повикаа свои луѓе. Од договорот не се сме задоволни и бараме сите наши барања да бидат исполнети во целост. Не го признаваме исходот од средбата вчера. Нема да застанеме овде, продолжуваме сè додека не ни бидат остварени сите барања во целост и затоа ќе продолжиме со протестите – велат од „Средношколски пленум“.

Од „Средношколски пленум“ велат дека вчерашната средба помеѓу МОН и Средношколската унија била договорена за два дена, а нивните барања за средба биле игнорирани еден месец.

– Не знам зошто не се сретнаа преставници од МОН со нас туку со Средношколската унија. Можеби затоа што ние имавме подобри аргументи и можеби се плашеа да излезат на средба со нас. Средношколската унија по два дена отвари средба, а ние месец и повеќе бараме средба и двапати доставивме барања и не ни закажуваат средба – вели средношколец од средното градежно училиште „Здравко Цветковски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...