fbpx
Таг: СредношколскиМарш

таг: СредношколскиМарш

Средношколците до Адеми: Од Вас зависи дали повторно ќе ги испразниме училишните клупи

„Се вративме на улиците затоа што Вие не сакавте да се вратите на преговорачката маса. Од Вас зависи дали повторно ќе ги испразниме училишните клупи и дали повторно ќе се вратиме во паркот отспротива“, му порачаа средношколците на министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на протестот против лошите реформи во образованието кој заврши пред Министерството. - Министре, видете нè,...

„Средношколски пленум“: Од училиштата бојкотот ќе се префрли пред МОН

Средношколците и студентите денеска заедно маршиира против лошите реформи во образованието и игнорантскиот однос на Министерството за образование и наука кон нивните барања. Средношколците маршот го почнаа во Градски парк, од каде се упатија кон Владата и таму се сретнаа со студентите, кои, пак, маршот го почнаа од платото на УКИМ. Паралелно извикувајќи „Заедно сме посилни“, „Доста беше молк“ и...

Средношколците и студентите во 12 часот на марш против лошите реформи

Средношколците денеска третпат ќе излезат на протестен марш против лошите реформи во образованието. Средношколскиот марш ќе почне во 12 часот во Градски парк и ќе продолжи кон Владата и Министерството за образование. Пред Владата ќе им се придружи и „Студентски пленум“, кој маршот ќе го почне во 12 пред платото на УКИМ. Двете групи заедно ќе продолжат кон МОН. „Ве повикуваме...

Втор протестен марш на тетовските средношколци

Црвен картон за лошите реформи во образованието, покажаа тетовските средношколци на протестниот марш, кој попладнево почна од централнотo градско подрачје, а заврши пред Бирото за развој на образование. Повторно побараа да се укине екстерното тестирање и да се врати стариот начин на полагање на државна матура. Постигнатиот договор меѓу министерот за образование Абдилаќим Адеми со Средношколската унија, според кој математиката...

„Средношколски пленум“ ја повика Средношколската унија на дебата

„Средношколски пленум“ ја повикува Средношколската унија на јавна дебата, на која ќе ги соочат нивните ставови и аргументи и на која ќе дискутираат за своите барања. „Средношколскиот пленум е автохтоно и автономно движење кое се бори и ќе се бори за правата на сите средношколци, без разлика на нивната партиска, верска и друга лична определба. Сметаме дека е несериозно да...

Последна опомена за Владата од средношколците

Средношколците денеска вторпат се собраа на протестен марш против лошите реформи во образованието. Тие со извиците „Последна опомена“, „Доста беше молк“, „Не за математика“ го почнаа маршот пред Собранието, па се упатија кон Владата и кон Министерството за образование и наука, каде на функционерите им покажаа жолт картон. Барањата на „Средношколски пленум“ се враќање на стариот концепт на полагање на државна...

Адеми: Ќе биде разгледано барањето на средношколците

По протестот на средношколците вчера, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, рече дека барањето што тие го доставија до МОН ќе биде разгледано и дека матурантите преку дебата ќе бидат информирани за предностите на полагање државна матура. Тој додаде дека предметот математика во државната матура ќе биде на основно ниво. - Се работи за основно ниво, а не за...

Средношколци ќе маршираат в четврток

В четврток, во 12 часот,  ќе се одржи нов средношколски марш на скопските ученици. Маршот, како што  информираат од „Средношколски пленум“, ќе почне кај фонтаната во Градски парк, а ќе заврши пред МОН. Наслов на маршот ќе биде „Стоп за лошите реформи во средното образование“. „Бараме да се врати стариот концепт на матура и да се стави во мирување законот за...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...