fbpx
Таг: СредношколскиПленум

таг: СредношколскиПленум

Средношколци испратиле претставки до Народниот правобранител

Средношколци анонимно се жалеле до Народниот правобранител за притисоци и за закани од раководствата на училиштата, објави „24 Вести“. Како што велат од канцеларијата на омбудсманот, претставките од средношколците се затоа што децата биле попречени да одат на протест. Правобранителот Иџет Мемети вели дека ќе ги разгледа претставките и ќе отвори постапки. „Новите законски решенија во образованието мора да се носат заедно...

Средношколците до Адеми: Од Вас зависи дали повторно ќе ги испразниме училишните клупи

„Се вративме на улиците затоа што Вие не сакавте да се вратите на преговорачката маса. Од Вас зависи дали повторно ќе ги испразниме училишните клупи и дали повторно ќе се вратиме во паркот отспротива“, му порачаа средношколците на министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на протестот против лошите реформи во образованието кој заврши пред Министерството. - Министре, видете нè,...

Денеска средношколски протест под мотото „Борбата продолжува“

„Средношколски пленум“ под мотото „Борбата продолжува“ денеска ќе одржи протест против, како што велат тие, лошите реформи во образованието. Протестот ќе започне во 12.30 часот пред фонтаната во Градски Парк по што средношколците ќе се упатат кон Министерството за образование и наука. Средношколците бара укинување на екстерното тестирање, државната матура да се полага следните четири години по стариот концепт, а за новиот...

Средношколците в среда на протест

„Средношколски пленум“ за среда најави протест бидејќи, како што велат, надлежните не ги слушаат нивните барања за промени што ќе го подобрат образованието. Средношколците бараат нов концепт за полагање државна матура и укинување на екстерното тестирање. Протестот ќе почне во 12.30 часот пред фонатата во Градски парк, по што средношколците ќе се упатат кон Министерството за образование и наука. „Летото помина, учебната...

„Средношколски пленум“: Да се укине екстерното и да се врати стариот концепт на државна матура

„Средношколски пленум“ денеска до Министерството за образование и наука (МОН) и до Бирото за развој на образованието (БРО) поднесе две барања, со кои побара укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура за веќе запишаните, како и учество на средношколците во случај да се пристапи кон подготвување на нов концепт за матурата. Во барањето се вели: „Фаворизирањето...

Адеми: Нема амбиент да се расправа за новиот закон за образование

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, вели дека сè уште нема амбиент да се расправа во Собранието за новиот закон за образование, затоа што политичките партии, имајќи ја предвид актуелната ситуација во земјава, имаат други приоритети. - Ние пред неколку месеци почнавме со консултации и формиравме заеднички групи со УКИМ, со студентскиот и со професорскиот пленум, меѓутоа по неколку...

„Средношколски пленум“: Груевски ја урна секоја шанса за дијалог

Од „Средношколски пленум“, по изјавата на премиерот Никола Груевски дека „партиски пленуми ги охрабруваат учениците да протестираат против проверката на знаењето“, велат дека се згрозени од фактот што премиерот јавно ги обоил партиски и што ги нарекол „катастрофа за општеството“, со што ја уранал секоја шанса за дијалог. „Почитуван премиере, крајно понижувачкиот однос кон нас и непоткрепените факти, небулозните лаги и...

Премиерот ги претрка пленумците

Еден ден пред јавниот собир во Паркот на новинари, кој го организира „Средношколски пленум“, премиерот Никола Груевски во Дојран изјави дека измените во законот за државна матура се одложени за септември 2016 година. При посетата на Дојран, одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Груевски рече дека има доволен период за размислување во кој ќе се разговара со сите заинтересирани страни за да...

„Средношколски пленум“ повика на јавен собир на 1 септември

Повик до сите граѓани, за јавен собир, во паркот на новинарите, наспроти Министерството за образование на 1 септември во 18 часот упатија членовите на „Средношколски пленум“. Пленумци велат дека повторно се враќаат да ја извојуваат битката која што ја започнаа минатата година. „Се надеваме дека Министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува. За таа цел...

„Средношколски пленум“ ќе продолжи со активности во септември

„Средношколски пленум“ најави дека ќе продолжи со активностите во наредниот период за изменување на постојниот модел на екстерното тестирање. Претставници од пленумот за „Дојче веле“ велат дека засилени активности ќе има поточно од септември, на почетокот на новата учебна година. Барањето на „Средношколски пленум“ беше екстерното тестирање да се стави во мирување оваа година и оцените на матурантите кои го полагаа во...

Измените во законите за основно и за средно образование пред Уставен суд

„Средношколски пленум“ и „Наставнички пленум“ реагираа на измените донесени во законите за средно и за основно образование, кои ги нарекоа неуставни, за што ќе поднесат претставки од Уставниот суд. - Образованието е процес, а не проект. Со донесување законски решенија по скратена постапка или во три часот по полноќ, далеку од очите на јавноста, без никаква јавна расправа со засегнатите, не можеме да...

„Средношколски пленум“ ги прозва Адеми и МОН за грешките на екстреното тестирање

„Средношколски пленум“ јавува дека за време на годинешново екстерно тестирање се забележани бројни нерегуларности, нелогичности и технички пропусти. Пленумот вели дека во неколку случаи, прашањата од екстерното тестирање се поставени на албански, а одговорите на македонски, а во еден случај и на англиски. Од пленумот велат дека добиле бројни поплаки, поради што го прашаа министерот за образование Абдилаќим Адеми дали...

„Средношколски пленум“: Екстерното тестирање има голем број нерегуларности

Екстерното тестирање има голем број нерегуларности и технички пропусти, а поради тоа учениците ќе бидат оштетени и деградирани, велат од „Средношколски пленум“. - Четврти ден како една од најлошите реформи во образованието во Македонија се спроведува и оваа година. Голем број нерегуларности, нелогичности, технички пропусти го следат овој процес и оваа година, за што до „Средношколски пленум“ се пристигнати поплаки...

Средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата

„Средношколски пленум“ ќе го стави во мирување бојкотот на наставата и ќе го распушти кампот во паркот на новинари бидејќи, како што велат, временскиот период не дозволува промена на моделот на екстерното тестирање. - Министерството за образование и наука со својот игнорантен однос дозволи колапс на средното образование и дозвили шест недели училишните клупи да бидат празни. Тие, како луѓе...

Средношколците од утре продолжуваат со бојкотот, го повикаа Адеми да ги посети

Средношколците денеска се вратија во училиштата да го ресетираат бројот од 25 дена дозволено отсуство, а од утре повторно продолжуваат со бојкотот на наставата. Тие го повикаа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги посети и да оствари средба со нив за да постигнат компромис бидејќи, како што велат средношколците, се случуваат настани кои можат да им ја...

Средношколците ќе ја водат битката и во институциите

Средношколците, заедно со своите родители и наставници, се собраа на трет протест пред Министерството за образование и наука, против лошите реформи во образованието. Тие најавија дека од понеделник битката ќе ја водат по институционален пат, а во тоа ќе им помогне Хелсиншки комитет. Средношколците, викајќи „Ние сме иднината“, „Зошто не нè слушате“, го свртеа грбот на зградата на МОН поради,...

Нов протест на средношколците во 17 часот пред МОН, бојкотот продолжува

„Средношколски пленум“ ги повика сите средношколци, родители и загрижени граѓани на протест во 17 часот пред МОН за да им покажат на надлежните дека не се откажале од нивната цел. Тие велат дека од понеделник ќе се вратат еден ден на настава за да им се ресетираат 25 дена дозволено отсуство. Средношколците го поканија министерот за образование и наука,...

Средношколците порачаа: Нема да си одиме

Средношколците со чадори, кабаници и со „вувузели“, викајќи „Нема да си одиме“, втор ден се собраа на протест пред Министерството за образование и наука, заедно со нивните родители и наставници за да го искажат револтот од лошите реформи во образованието. Утре изминуваат законските 25 дена дозволено отсуство на учениците од наставата. - Утре изминува 25. ден од бојкотот на наставата и...

Средношколците денеска во 17 часот на нов протест пред МОН

Средношколците денеска, во 17 часот, пред Министерството за образование и наука ќе имаат нов протест против лошите реформи во образованието. - Ќе се собереме денеска повторно на протест пред МОН, заедно со нашите родители и наставници, од кои имаме голема поддршка. Сè уште не сме договорени дали ќе имаме некаков перформанс или само мирно ќе протестираме – вели средношколецот Александар...

Средношколците ги фрлија униформите пред МОН

Средношколците денеска организраа протест пред Министерството за образование и наука, каде свирејќи со труби и извикувајќи „Искочете кукавици“ ги повикаа надлежните да ги слушнат нивните барања. Тие, за да го искажат револтот, ги фрлија униформите пред зградата на МОН. - Се собравме на мирен протест пред МОН за да покажеме дека сме тука, не се откажуваме од нашата борба и од нашите...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...