петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: матура | 29 резултати

Повеќе од 15.000 ученици денеска полагаат државна матура

јуни 5, 2021

Денеска започнува полагањето на државната матура за учебната 2020/2021 година, а тоа е процес кој значи формализација на средното образование и стекнување на услов за упис на високообразовните установи во земјата, но и надвор од неа, велат од Министерство за образование и наука. Од таму додаваат дека од страна на надлежните институции на системот, координирани […]

Објавени резултатите од државната матура, просечните оценки подобри од ланските

јули 4, 2019

Резултатите од државната матура денеска се објавени, а просечните оценки година се со благ пораст во однос на минатата година, рече министерот за образование, Арбер Адеми на денешната прес конференција. – Резултатите се добри и покажуваат напредок во однос од минатите години. Просечната оценка годинава е 3,47. За неколку предмети има подобрување на просечната оценка, […]

За шест години, 3.736 матуранти помалку

мај 30, 2019

Државна матура годинава се пријавиле да полагаат 15.553 ученици во државата. Пред шест години, односно во 2013 година, оваа бројка била 19.289, што покажува дека за овој период, бројот на ученици кои го полагаат овој испит, што е услов за упис на факултет, се намалил за 3.736 матуранти. Во 2015 имало 17.600 пријавени ученици, а […]

Есејот по македонски јазик за државната матура за прв пат ќе биде на слободна тема

мај 10, 2019

Учениците во четврта година периодов се подготвуваат за полагање на државната матура. Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе објави на кои датуми ќе се одржат тестирањата. Првиот тест по странски јазик ќе се полага на 1 јуни, а мајчин јазик ќе се полага на 8 јуни. Новина годинава е тоа што по предметот мајчин јазик, учениците […]

Барбареев: Националното тестирање во школите е како крвната слика во здравството

март 4, 2019

Додека образовните власти во државата анализираат од кога би го спровеле националното тестирање во основното образование, „Мета“ побара мислења за оваа новина од експерти во областа. Овие тестови кои би ги полагале учениците, треба да бидат своевидна замена на екстерните тестови, со таа разлика што овој пат, резултатот нема да влијае на успехот на ученикот […]

Просечната оценка од државната матура во јуни e 3,42

јули 20, 2018

Вкупната просечна оценка од испитите по сите предмети од 11-тата државна матура за учебната 2017/2018 година во јунската испитна сесија е 3,42, што е мало подобрување од минатата година кога средната оценка беше 3,39. Резултатите од испитите по трите екстерни предмети кои се полагаа од 2 до 21 јуни, денеска на прес-конференција ја соопштија министерот […]

Утре почнува августовскиот испитен рок за државна матура

август 14, 2016

Матурантите кои во јунската сесија не ја положиле државната матура ќе полагаат од утре до 18 август. Како што соопшти Државниот испитен центар, во августовскиот испитен рок се пријавиле 1.802 ученици. Утре ќе се полага задолжителниот предмет мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и […]

Државната матура без проблеми

јуни 4, 2016

Во сите средни училишта во Република Македонија денеска без никакви проблеми помина полагањето на задолжителниот предмет од државната матура, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Државниот испитен центар соопшти дека испитниот материјал до сите училишта бил доставен навремено и во согласност со пропишаните правила и процедури. Испитот во […]

Денеска почнува полагањето на државната матура

јуни 4, 2016

Денеска почнува полагањето на државната матура, а прв предмет што ќе се полага е мајчин јазик. На 9 јуни ќе се полага математика, а на 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. На 15 јуни ќе се полагаат физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Оваа учебна година за државната матура се пријавени […]

Адеми: Од септември нов концепт на државна матура

јули 14, 2015

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, најави дека од септември ќе има нов концепт за државна матура и за екстерно тестирање, за што ќе биде направена детаљна анализа и ќе бидат консултирани сите засегнати страни. – За државната матура имаше отпор математиката да биде задолжителна, а од друга страна, имаме подобри резултати од минатата учебна […]

Матурантите утре ќе танцуваат квадрил, пленумците не се мешаат

мај 21, 2015

Матурантите утре, точно напладне, кај Порта „Македонија“ традиционално ќе го одиграат танцот квадрил. Матурантите под звуците на Штраусовиот квадрил ќе играат заедно со своите врсници од Европа. Во  Македонија ќе учествуваат матурантите од Скопје, Гевгелија и од Охрид. Вкупната бројка на обучени матуранти во Скопје е 800, а уште 400 има во другите градови. Од […]

Матурата ќе се полага, наставата ќе се бојкотира, пред МОН ќе се протестира

мај 5, 2015

Матурантите кои протестираа и ја бојкотираа наставата ќе ги пополнат пријавите за државна матура, но нема да го прекинат бојкотот на наставата. Тие велат дека пријавите ги потпишуваат од технички аспект, чисто формално, но остануваат на барањата затоа што не е постигнат компромис со надлежните. За наредните три дена најавија протести, кои ќе почнат во […]

Денеска е последен ден за пријавување матура

мај 5, 2015

Средношколците кои годинава го завршуваат своето гимназиско образование до денеска треба да достават пријава за полагање државна матура, објавена на интернет-страницата www.matura.gov.mk. Екстерните испити од државната матура по мајчин јазик и литература ќе се реализираат на 11 јуни, по странски јазик на 15 јуни, математика на 17 јуни и хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика на 19 […]

Бојкотот продолжува, се бараат посредници за преговорите со МОН

април 29, 2015

Без договор заврши и третата средба меѓу „Средношколски пленум“ и Министерството за обрзование и наука. Ниту средношколците ниту министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и по три остварени средби не отстапуваат од своите барања. Средношколците за наредните средби бараат присуство од Народниот правобранител, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Хелсиншки комитет бидејќи, како што […]

Барањата на средношколците ќе се дискутираат на владина седница

април 28, 2015

Преговорите помеѓу „Средношколски пленум“ и Министерстовото за обрзование и наука ќе продолжат, а барањата на средношколците ќе се разгледаат на денешната седница на Влада. По денешната средба, средношколците велат дека не добиле конкретно ветување, но се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Тие на средбата ги изложиле […]

Втор протестен марш на тетовските средношколци

април 2, 2015

Црвен картон за лошите реформи во образованието, покажаа тетовските средношколци на протестниот марш, кој попладнево почна од централнотo градско подрачје, а заврши пред Бирото за развој на образование. Повторно побараа да се укине екстерното тестирање и да се врати стариот начин на полагање на државна матура. Постигнатиот договор меѓу министерот за образование Абдилаќим Адеми со […]

„Средношколски пленум“ ја повика Средношколската унија на дебата

април 2, 2015

„Средношколски пленум“ ја повикува Средношколската унија на јавна дебата, на која ќе ги соочат нивните ставови и аргументи и на која ќе дискутираат за своите барања. „Средношколскиот пленум е автохтоно и автономно движење кое се бори и ќе се бори за правата на сите средношколци, без разлика на нивната партиска, верска и друга лична определба. […]

Последна опомена за Владата од средношколците

април 1, 2015

Средношколците денеска вторпат се собраа на протестен марш против лошите реформи во образованието. Тие со извиците „Последна опомена“, „Доста беше молк“, „Не за математика“ го почнаа маршот пред Собранието, па се упатија кон Владата и кон Министерството за образование и наука, каде на функционерите им покажаа жолт картон. Барањата на „Средношколски пленум“ се враќање на стариот концепт […]

МОН попушти: Математиката нема да биде задолжителна на матура

март 31, 2015

Предметот математика во полагањето матура нема да биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за учениците кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно-математичкото подрачје. Ова денеска го договорија Унијата на средношколци и Министерството за образование и наука. „По […]

Средношколците од Битола за Владата ја рецитираа „Т’га за југ“

март 24, 2015

„Орелски крилја как да си метнех и во други држави да си полетнех, во поквалитетно образование да си долетнех“. Вака средношколците од Битола ја рецитираа антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на денешниот протест во Битола. Преку триста средношколци, наставници и родители денеска маршираа по Широк сокак, барајќи укинување на екстерното тестирање и враќање на стартиот […]

Страна 1 од 2